МЗ: До сега вакцинирани 1,894 деца со мрп вакцини, хоспитализирани уште 5 деца и 1 возрасен

Министерството за здравство информира дека денеска до 10:00 часот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште 5 деца и 1 возрасен од морбили.

Тоа значи дека во моментов има 20 болни од морбили, од кои 18 се деца и двајца се возрасни.

Децата се на возраст од 9 месеци до 2,5 години, а возрасната е девојка од 24 години. Има едно дете од Радишани, другите се од градинката „Сонце“ од Ново Лисече – Аеродром. Возрасната девојка е од скопската населба Кисела Вода и е со непознат вакцинален статус.

Од Клиниката информираат дека на клиниката има 120 легла, но треба да се има в предвид, дека се хоспитализираат пациенти и со друга патологија. Најмладиот пациент е бебе од 8 месеци, а најстариот има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца.

Најмногу заболени има во населбата Аеродром-Ново Лисиче вкупно 11 деца и уште нови 4 суспектни, за кои утре ќе се знае резултатот од лабораториските анализи, кои ќе потврдат или отфрлат морбили. Но, сите ново примени пациенти имаат клиничка слика на пациенти заболени од морбили (мали сипаници).

Досега, во сите вакцинални пунктови во Скопје до 13 часот вакцинирани се 1,894 лица, а само денесka вакцинирани се 30 деца.

Уште еднаш повикуваме на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили. Има доволно количини од МРП вакцините.

Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење.

За време на викендов вакциналните пунктови во Центар, Карпош и Јане Сандански, ќе работат само прва смена од 7.30 до 13 часот, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Појавата на сплескана глава кај бебето може да се спречи со неколку прости чекори

Синдромот на сплескана глава или плагиокефалија се однесува на деформациите на главата на бебето што настануваат пред или по раѓањето поради надворешни влијанија врз неговата мека черепна структура. 

Тоа може да се спречи со неколку едноставни чекори.

Како прво, новороденчето не треба да спие на една страна цела ноќ. На секои два - три часа родителот треба да му ја менува положбата на бебето кое спие. Така притисокот не е само на една страна на главата.

И кога мајката го дои малечкото, или го храни со шише, исто така треба да се менува раката и страната на држење. Така се поттикнува бебето само да ја врти главата.

Бебињата треба да спијат на грб. Но, стручњаците препорачуваат - додека новороденчето е будно, да биде барем кусо време легнато на стомак.

Важно е, пред сѐ, да се напомене дека многу бебиња го надминуваат овој проблем кога ќе почнат да лазат или да седат. Истражување спроведено во Америка покажа дека речиси половина од бебињата на возраст меѓу седум и 12 недели имаат плагиокефалија, а 78 отсто од нив имаат благ облик од оваа деформација.

Ако сè уште сте загрижени, порталот „Кликс“ препорачува консултации се педијатар. Бебињата на кои им е дијагностицирана посериозен облик на плагиокефалија добиваат посебна капа за тоа. /МИА

Хашкиот суд му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладот во палестинската енклава.

Во едногласната одлука на највисокиот суд на Обединетите нации, беше речено дека Израел мора да дејствува без одлагање и да дозволи „обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош. Најпотребната помош вклучува храна, вода, електрична енергија, гориво, засолниште и облека, како и средства за хигиена и медицински материјали, пренесува Би-Би-Си. Израел обвинувањата дека земјата ја блокира помошта ги нарече „целосно неосновани“ и соопшти дека продолжува да промовира нови иницијативи за да овозможи континуиран проток на помош во газа по копно, воздух и море.

Фото: Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно?!

Скандалозна изјава на сопруга на украински фудбалер, „Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно“.

Сопругата на украинскиот фудбалски репрезенативец Александар Зубков, убавата Ани ја шокира јавноста со неодмерени.

Само ден по триумфот на Украинците над Исланд вреден пласман на ЕУРО 2024, јавноста повторно беше изненадена од убавата Ани.

На денот кога Украина го победи Исланд во бараж дуелот сексапилната Ани го прослави својот роденден.

За жал, нејзиниот сопруг Александар Зубков не доби шанса да игра против Исланд. Селекторот Сергеј Ребров го остави на клупата за резерви.

Крилниот напаѓач на Шахтјор има одлична сезона, одигра 19 натпревари во првенството на Украина, постигна четири гола и забележа пет асистенции.

Ана Зубкова го привлекува вниманието на украинските медиуми со своите неодмерени изјави, но и со својот изглед.

Ана Зубкова пред две години ги запали социјалните мрежи со следнава изјава:

- Не би можел да бидам со човек кој не заработува многу пари. Или премалку заработува. И што? Се прашувате која плата би била нормална за мојот човек? Да речеме 10 илјади евра.

Провокативната Ани потоа истакнала дека месечно само за себе и својот изглед троши околу 3000 евра.

Инаку Ана Зубкова работела како модел, додека не го запознала фудбалерот на Шахтјор. Таа позираше за украинското издание на „Плејбој“ и така стана многу позната во јавноста.

Сега таа редовно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи и со тоа предизвикува реакција кај јавноста во Украина.

притисни ентер