Северина позира во маица колку една хрватска плата (ФОТО)

Откако на социјалните мрежи предизвика завист последните две недели со егзотичниот одмор , сега се фотографира во скапа маица.

Северина во маица на Долче и Габана позираше на аеродромот во Доха , а носеше и шешир. Хрватските таблоиди веднаш пресметаа дека нејзината маица чини колку една просечна плата или од 900 евра и повеќе.

,,Севе легенда” , ,,Совршенство” ; беа само некои од брoјните коментари на фановите на популарната пејачка.

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј

 Пет тинејџери се обвинети за терористички дела во тековната истрага за прободувањето со нож на две лица во црква во Сиднеј на 15 април, соопшти денеска австралиската федерална полиција (АФП).

- Пет малолетници се обвинети додека Заедничкиот тим за борба против тероризмот (JCTT) Сиднеј продолжува да ги испитува соработниците на наводниот сторител кој го изврши прободувањето со нож во црквата во Вејкли, се вели во соопштението на АФП.

Повеќе од 400 полицајци од државната и федералната полиција синоќа извршија 13 налози за претрес низ Сиднеј. Уапсени се седум млади мажи. Уште пет лица, меѓу кои двајца мажи и тројца тинејџери, и помогнале на полицијата во нивните истраги, се вели во соопштението.

Седумнаесетгодишно момче и 14-годишно момче се обвинети за поседување или контролирање на насилен екстремистички материјал.

Две 16-годишни момчиња се обвинети за заговор да се вклучат во каков било чин во подготовка или планирање на терористички акт, додека друго 17-годишно момче е обвинето за заговор за вклучување во чин во подготовка или планирање терористички чин и поседување нож на јавно место.

Во полициската акција запленети се и голем број предмети, меѓу кои и електронски материјал.

Минатата недела, 16-годишно момче беше обвинето за терористички чин во врска со прободувањето со нож во црквата Christ The Good Shepherd во Вејкли, западен Сиднеј, на 15 април.

Еден 53-годишен маж се здоби со тешки повреди на главата, додека 39-годишен маж се здоби со расекотини и рана на рамото кога се обидел да интервенира.

Уапсено е 16-годишното момче, кое беше совладано од присутните очевидци.

Прогласувањето на кривичното дело за терористички акт ѝ дава на полицијата дополнителни истражни овластувања, да утврди дали некое лице дејствувало самостојно или било дел од поширока мрежа. /МИА

Авиокомпанијата Боинг во првиот квартал од 2024 со помали загуби од очекуваните

Американската авиокомпанија Боинг соопшти дека загубила 355 милиони долари во првиот квартал, или 56 центи по акција, што е намалување од загубата од 425 милиони долари или 69 отсто по акција една година претходно.

Со исклучок на еднократните ставки, вклучувајќи ги и трошоците за пензија, компанијата загуби 388 милиони долари или 1,13 долари по акција.

Приходите паднале за осум проценти на 16,57 милиони долари, малку повеќе од проценките на аналитичарите.

Резултатите не се охрабрувачки, но сепак се малку подобри во споредба со прогнозата на агенцијата LSEG, која предвиде приход од 16,23 милијарди долари и прилагодена загуба од 1,76 долари по акција.

Извршниот директор на Боинг, Дејвид Калхун, рече дека компанијата е во „тешко време“ бидејќи мораше да го намали производството и испораките по серијата инциденти кои открија сериозни проблеми со авионите на Боинг.

Според него, компанијата сега е фокусирана пред се на безбедноста и подобрување на синџирот на производство. Калхун претходно најави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор на компанијата до крајот на годината.

Боинг има проблеми со своите авиони повеќе од пет години, вклучително и две фатални несреќи на Боинг 737 Макс во 2018 и 2019 година во кои загинаа 346 луѓе. /МИА

Стотина приведени на протест во Ереван поради разграничувањето со Азербејџан

Ерменската полиција приведе стотина демонстранти кои го блокираа сообраќајот во Ереван поради договорот со кој ерменскиот премиер Никол Пашинјан се согласи да отстапи неколку погранични области на соседен Азербејџан.

Британските медиуми јавуваат дека полицијата насилно ги растера демонстрантите кои го блокираа сообраќајот во центарот на градот, откако претходно тие ја одбија наредбата да се разотидат.

На состанокот на претставниците на Баку и Ереван на 19 април беше постигнат прелиминарен договор за разграничување во близина на осум погранични села.

Во вторникот на границата меѓу Азербејџан и Ерменија, согласно договорите за определување на државната граница, беше поставен првиот граничен премин. Преминот е поставен во рамките на работата на дефинирање на координатите врз основа на геодетските мерења на површината, пренесе агенцијата Азертас, повикувајќи се на канцеларијата на азербејџанскиот вицепремиер, Шахин Мустафаев. /МИА

притисни ентер