Нимиц: Договорот од Преспа е историски за двете земји

Со реакција за значењето на усвојувањето на уставните измени во Македонија, се јави и медијаторот Нимиц. А по Грција, НАТО, ЕУ , САД, први кои честитаа се Косово и Албанија.

„Овој историски договор меѓу два соседа ја отвора вратата за нови односи меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот како што е наведено во Договорот. Како и во минатото, Обединетите нации остануваат посветени на соработката со двете страни за конечно решавање на разликата меѓу нив“, се вели во пораката од специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН Метју Нимиц.

Вчера , генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг му испрати порака преку твитер на Премиерот Зоран Заев да му го честита крајното гласање во собранието..

,, НАТО силно ја поддржува целосната имплементација на договорот, што е важен придонес за стабилен и просперитетен регион, порача Столтенберг.. Портпаролката на НАТО, Ј оана Лунгеску,потврди дека генералниот секретар на алијансата му се јавил на Заев по телефон за да му честита лично за изгласаните уставни измени и отворањето на патот кон спроведување на преспанскиот договор.

По гласањето вчера со видео порака се огласи амбсадаорот Џес Бејли

Првите пораки за гласањето на уставните промени стигнаа од шефицата на европската дипломатија, Могерини и еврокомесарот Хан..

Политичките лидери и граѓаните ја покажаа својата решеност да ја искористат оваа уникатна и историска можност во решавањето на еден од најстарите спорови во регионот и решително да напредуваат на патот на европската унија. Еу силно го поддржува овој договор кој поставува пример за помирување за регионот и за Европа како целина.

Додека го очекуваме завршувањето на следните чекори што ќе доведат до целосна имплементација на преспанскиот договор, европската унија останува цврсто решена да продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата кон својата заедничка стратешка цел за интеграција во еу.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, по синоќешното изгласување на уставните измени во македонското Собрание преку соопштение изрази очекување дека и Грција ќе даде согласност за Договорот од Преспа и оти Македонија потоа ќе стане членка на НАТО и ќе почне преговори со Европската унија.

– Решението на спорот за името помеѓу Скопје и Атина е на дофат. Спорот за името помеѓу Скопје и Атина траеше 27 години. Одговорните, пред се, премиерот Ципрас и премиерот Заев, презедоа енормни напори за конечно да се реши овој конфликт. Тие дадоа охрабрувачки пример за тоа дека упорната работа со факти, издржливоста и политичката храброст во дипломатијата може да доведат до успех наведува шефот на германската дипломатија.

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави изгласувањето на уставните измени во македонскиот парламент, кои, како што рече, ќе му дадат живот на Преспанскиот договор и на Македонија конечно и го отвораат евроатланскиот пат.

,,Ова е една многу важна историска одлука за Македонија, но и за целиот регион на Балканот, оцени Мета.

Харадинај му изрази прзнание на македонскиот премиер Зоран Заев за, како што вели, неговата „докажана прозападна визија која е значајна за целиот регион“, а одлуката на македонското Собрание за усвојување на уставните измени ја оцени како „огромен чекор кон евроатланските интеграции на соседната држава“.

Успешниот исход на гласањето за промените на Уставот на РМ, со кои се верификува Договорт со Грција, го поздрави и претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој оцени дека македонското Собрание покажа „храброт, визија и висока свест“.

Еден од главните шефови на Камора се согласил да соработува со властите по четврт век во затвор

По повеќе од 25 години затвор и одбивање да зборува, еден од главните шефови на италијанската комора, Франческо Скијавоне, одлучи да соработува со обвинителството, објавија италијанските медиуми, пренесе Бета.

Истражните органи се надеваат дека ќе добијат повеќе информации за Камора и нејзината можна поврзаност со италијанската политичка сцена.

Седумдесетгодишниот Скијавоне бил еден од основачите и „кум“ на кланот Камора „Касалези“ во провинцијата Касерта во близина на Неапол.

Пред неколку недели, како што јави ДПА, тој воспоставил контакт со антимафијашките служби.

Двајца од неговите синови соработуваат со властите од 2018 и 2021 година, а уште двајца се во затвор.

Камора е една од најозлогласените мафијашки организации во светот, а нејзиното родно место се јужните италијански провинции Казерта и Неапол.

САД ја обвинија Русија за ширење дезинформации околу терористичкиот напад во Москва

САД ја обвинија Русија за дезинформации околу терористичкиот напад во концертната хала „Крокус сити хол“ минатата недела во кој загинаа 143 лица.

Од Стејт департментот изјавија дека Москва ја користи оваа трагедија за да ја оправда својата агресија против Украина.

- Мислам дека руската влада води пропаганда и дезинформација. Мислам дека сосем очигледно тие се обидуваат да го искористат овој терористички чин, овој трагичен инцидент во кој, за жал, загинаа руски граѓани за да се оправда нивната агресија во Украина, рече Милер.

Тој укажа дека Москва „не дава значање на основните факти, се измислуваат факти за да се поддржи тоа што тие сакаат да го направат“.

„Тоа е истото поведение од почетокот на војната, и за жал тие исто постапуваат и сега“, рече портпаролот на Стејт департментот.

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка

Четврти ден ни трага ни глас од двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во непосредна близина на мајка си. 

Во областа утрово пристигнаа специјалци од Белград и Нови Сад и детално го пребаруваат просторот околу куќата пред која исчезна двегодишното девојче. Полицијата и денеска вршеше претреси во неколку куќи во Бањско Поље. Багерите го расчистуваат теренот бидејќи куќата на семејството е опкружена со депонија од гломазен отпад, се острануваа шутот за полицијата полесно да ја пребарува поблиската околина. 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила, придружени од далеку прочуениот белгиски овчар Зиги познат по херојските дела по разорниот земјотрес во Турција, пристигна во Бор, но засега ништо не води до трага што ќе ја разреши мистеријата. Како минува времето шансите се се помали, вели првиот човек на центарот за исчезнати деца, Игор Јуриќ. Единствена опција детето да е живо е некој да побара откуп за него или да се случи чудо вели Јуриќ, кој што го оцени случајот како исклучителоно специфичен поради возраста на детето.

„Се’ побудува сомнеж и сите оклности на ова исчезнување се сомнителни и будат сомнеж. Многу е тешко сега да се зборува за тоа. На прв поглед беше многу тешко да се поверува дека двегодишно девојче може да отиде толку далеку така што и пристигнувањето на полицијата на лице место толку брзо не ја пронајде, како прво. Второ, сите околности и пристугнувањето на тоа место зборуваме за детето како се нашло тука, подоцна многуте изјави на блиските лица на девојчето се многу контрадикторни и тоа се што апсолутно нам ни буди сомнеж. Едноставно ми се чини дека не постои личност која е во близина, а да не буди сомнеж.“- Игор Јуриќ, Директор на центар за исчезнати и малтретирани деца

Мајката на исчезнатото девојче Ивана Илиќ повторно била донесена во полициска станица за да даде изјава во врска со информациите до кои дошла полицијата. Повеќе српски медиуми денеска објавија дека вештачењето на нјзиниот мобилниот телефон наводно покажало дека многу пораки и податоци за повици биле избришани, но информацијата никој официјално не ја потврдува. Во морето од шпекулации, во јавноста се повеќе доминира впечатокот за можна инволвираност на родителите во случајот.

Инаку синоќа босанската полиција уапси три лица кои преку социјалната мрежа „Тик Ток“ тврделе дека знаат каде е Данка, побарале 50 илјади евра како награда, а по апсењето изјавиле дека се шегувале. По исчезнувањето во вторникот, во Србија за прв пат е активиран системот „Најди ме“.

притисни ентер