Фабрегас и официјално оди во Монако

Сеск Фабрегас потпиша денеска договор со МОнако на три и пол години, така што и официјално го напушти Челзи.

Шпанскиот фудбалер во овој преоден период го поврзуваа со Милано , но 31 годишниот Фабрегас го одбра Монако поради својот поранешен соиграч , а сегашен тренер , Тиери Анри.

Фабрегас веднаш е регистриран така што би можел да заигра за Монако веќе овој викенд на натпреварот против Марсеј.

Дваесет и двајца натпреварувачи утре ќе пливаат на 33. Охридски маратон

Дваесет и двајца натпреварувачи од кои 14 во машка и осум во женска конкуренција од осум држави, се пријавени учесници на 33-тиот Меѓународен маратон.

Во организација на Светската пливачка федерација (ФИНА) утре ќе се плива на патеката „Климе Савин" на Охридското Езеро.

Стартот на 25 километарската трка е закажан за точно напладне од кај Свети Наум, до целната линија пред Градското пристаниште во Охрид. Првите маратонци се очекува на целта да пристигнат некаде околу четири до четири и пол часа подоцна.

Александар Маленко, претседател на Пливачката федерација на Македонија на денешната прес-конференција по повод најголемата спортска манифестација во земјата, истакна дека оваа година прв пат организаторот на традиционалниот Охридски пливачки маратон воведува електронско следење на пливачите, како и мерење на времето, согласно светските правила и станадарди.

– Технички сме подготвени за добра трка, последните подготовки се во тек, патеката е проверена и одбележана, се надеваме дека и времето ќе послужи иако временската прогноза зборува поинаку, рече Маленко.

Претставниците на ФИНА се задоволни од текот на подготовките за трката и севкупните активности на Македонската пливачка федерација околу организирање на пливачките спортски настани на Охридското Езеро.

– Фактот што во две седмици во Охрид се одржуваат три маратонски пливачки трки во рамки на куповите на Европската и Светската пливачка федерација само потврдува дека се работи за извонредна организација, благодарение на Пливачката федерација на Северна Македонија. Сите подготовки се одвиваат тековно и навремено, езерото е прекрасно само по себе, гостопримливоста е веќе добро позната, така што нема никакви пречки утре да имаме одлична трка, изјави делегатот на ФИНА, Жан Пол Нарс.

Македонската спортска делегација на охридскиот маратон овојпат брои тројца пливачи, и тоа Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски и младиот Леонид Мишевски. Поп Ацев после три одржани маратони во рамки на серијата на ФИНА е на второто место, со само три бода заостанување зад Едуардо Стокино од Италија, кој исто така ќе плива утре во Охрид,

– Од 2009 година сум учесник на Охридскиот маратон, така што искуството е тука, патеката ја знам напамет. Како и минатите години секогаш сме пливале неизвесно до самиот крај, со мала разлика меѓу првите кои стигнале на целта. Такво е модерното пливање, сите сме некаде тука, така што ќе биде доста интересно. Најавите за можни грмотевици во текот на трката не се проблем за пливачите така што очекувам добра трка, рече Поп Ацев.

На стартот на маратонот утре ќе го видиме и Аксел Рејмонд, двократниот светски првак во пливање на 25 километри од Будимпешта и Гуанжу, како и рекордер на 30 километарскиот Охридски маратон (2013 година), што до пред две години се пливаше тука.

Наградниот фонд за утрешниот маратон што се плива под покровотелство на претседателот на Македонија изнесува 15.000 долари. Инаку, охридскиот маратон е четврти од серијата шест трки што се одржуваат во рамки на Светскиот куп на отворени води на ФИНА. До крајот на оваа сезона после маратонот во Охрид преостануваат уште трките во Хрватска и во Италија./МИА

Руска атлетичарка се онесвестила на тренинг и починала

Тажна вест доаѓа од Русија , каде почина 22 годишната атлетичарка Маргарита Плавунова .

Младата атлетичарка починала среде тренинг во местото Моршанск , во Тамбовската област.

Атлетичарката  се онесвести за време на тренингот откако и се слошило. Руското регионално атлетско здружение соопшти дека причина за смртта е срцев удар, и иако била повикана брза помош, на спортистката и немало спас.

Русинката беше повеќекратен регионален шампион, како и  универзитетски на трките  со пречки на 60 метри. Таа, исто така, се натпреваруваше во трките на 100 и 400 метри со пречки.

На 100 метри нејзиниот најдобар резултат беше 14.06, а покрај спортската кариера, беше и модел.

Шпанските медиуми го најавија мегатрансферот на Нејмар

Со фантастична насловна страна шпанскиот магазин АС веќе го најави мегатрансферот на Нејмар во мадридски Реал.

Шпанските медиуми објавија дека Реал ќе ја чека последната недела на преодниот рок за да го доведе Нејмар , а доколку ПСЖ прифати некоја од понудите на Барселона , веднаш ќе се впушти во аукција.

,,Во Мадрид ги бројат парите” е напишано на насловната страница на АС , каде се најавува огромниот трансфер на Нејмар во Реал. За разлика од Барселона, реал полесно би ја поднел финансиски големата плата на Бразилецот , која изнесува 37 милиони евра.

притисни ентер