Почнува производството на новиот болид на Ауди (ФОТО)

При промоцијата на новиот модел E-Tron, Ауди во Холандија најави уште два нови модела.

Ауди при лансирањето на електричниот новитет , ги откри и плановите за наредниот период. Прикажан е тизер на електричен кросовер , најверојатно најдостапниот нов модел на Ауди, а ќе биде претставен на салонот во Женева.

Концептот на вториот нов модел E-tron Sportback треба да се очекува подоцна годинава, веројатно со слични епрформанси како E-tronu со батерии од 95 kWh и  407 KS (i 664 Nm) со автономно возење од 417 километри.

Според шрвиот човек на Ауди , Брам Скот , PB18 E-tron ќе почне дас е произведува и тоа за почеток во 50 примероци.

Кладилниците се прегреваат – Кое име ќе го носи бебето на Меган и Хари?

Војвотката од Сасекс , Меган и британскиот принц Хари наскоро ќе го добијат своето прво дете , а кладилниците во Британија секојдневно примаат илјадници ливчиња на кои луѓето се кладат кое ќе биде името на кралското бебе.

Според британските медиуми , се проценува дека во кладилниците за името на бебето на Меган и Хари се уплатени до сега околу 8 милиони фунти. Оваа сума ги надминува заедничките суми во кладилниците пред раѓањето на трите деца на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.

Така , во речиси сите кладилници првите имиња ги држат Дијана и Викторија доколку биде женско , а за машко бебе се Артур и Алберт.

Меѓу другите женски имиња на кладилниците котираат и Алис , Елизабет, Изабел и Мери , а меѓу машките се Џејмс , Филип, Александар и Хенри.

Вереникот на Џеј Ло објави што им напишал Барак Обама во приватното писмо

Вереникот на Џенифер Лопез, Алекс Родригез, на Инстаграм го објави писмото што им го испратил поранешниот амерински претседател Барак Обама.  

Обама им ја честита свршувачката на Џј Ло и на Родригез и им посака најубави желби.

,,Џенифер и Алекс, Мишел и јас би сакале да ви ја честитаме свршувачката. По 26 години поминати заедно можеме да ви кажеме дека каков и да биде предизвикот што ќе ви го зададе животот, многу е полесен кога се споделува со оној што го сакаш.” , напишал Обама во честитката , штом ја сподели Родригез на Инстаграм.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

This means the world to us. #44

A post shared by Alex Rodriguez (@arod) on

Поранешниот играч на бејзбол  е во врска со музичката ѕвезда веќе две години , а Алекс искористи романтичен момент на плажа за време на заеничкиот одмор да ја побара Џенифер за жена.

До 2030 ракети ќе превезуваат патници преку Атлантикот за 30 минути

Летовите со ракета наскоро би можеле да станат комерцијални и да го направат патувањето со авион непотребно и бавно.

Според анализата на инвестициската компанија UBS , со ракетата на Илон Маск, Спејс Икс , патувањето од Лондон до Њујорк би траело само 29 минути, а до Сиднеј помалку од еден час.

Швајцарската компанија предвидува дека пазарот на ракетни патувања до 2030 ќе вреди речиси 20 милијарди долари.

 Од UBS предвидуваат и дека индустријата на цселенски туризам до 2030 ќе вреди окоолу 3 милијарди долари.

Таквите патувања ќе бидат многу исплатлив бизнис за компаниите Спејс Икс на Маск и Вирџин галактик на милијардерот Ричард Бренсон, оценува швајцарската инвестициска компанија.

притисни ентер