Се подготвува документација за технички прием на автопатот Миладиновци-Штип

 Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта денеска изјави дека е завршен автопатот Миладиновци-Штип и оти очекува да биде пуштен до крајот на месецов по техничкиот прием за што се подготвува документацијата.

– Автопатот Миладиновци-Штип е завршен. Се подготвува техничката документација за техничкиот прием. Тоа е во делот на надзорот каде што ние не сме моќни. Поради снежните врнежи можеби деновиве некои контроли што треба да ги прават малку ќе бидат оневозможени, но очекувам крајот на месецов автопатот да биде пуштен, изјави Китанов, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за изградбата на автопатот Скопје-Блаце.

Изградбата на автопатот во должина од 47 километри почна во мај 2014 година. Дел од автопатот, на потегот од Штип до клучката Кадрифаково, веќе се користи со привремен режим на сообраќање на возилата.

Инвестицијата во изградбата на овој автопат изнесува 206 милиони евра, обезбедени од кредит од кинеската Ексим банка и буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Со изведувачот на работите, кинеската компанија „Синохидро", беа склучени два анакса на Договорот за изградба, со кои во два наврата се продолжуваше рокот за пуштање во употреба..

Кабинет на Ципрас: Нимиц става крај на приказната на Мицотакис за наводно одново преговарање за Договорот

Жестока вербална битка за одбраната на Македонија во грчкиот Парламент, на првиот ден од расправата за Преспанскиот договор.

И покрај жестоките критики  на Договорот, опозициската Нова демократија, како што пренесува Катимерини, нема да поднесе иницијатива за гласање недоврба на Владата на Ципрас.

Во Атина е екипата на Канал 5 со Александар Видиновски,  александар кои се најновите информации околу расправата во грчкиот парламент.

Можни ли се нови изненадувања, освен најавите за нови масовни приотести утревечер?

Никола Мицевски и Дамјан Манчевски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Никола Мицевски и Дамјан Манчевски

Мицевски: Зошто носите закони по скратена постапка а први бевте против тоа?
Манчевски: Законот за спречување на корупција зошто 5 до 12 се донесе?

Мицевски: Треба да ја менуваме историјата, има јавен притисок да се сменат историски факти по секое погчавје од Преспанскиот договор.
Манчевски: Договорот е потпишан веќе една година, набрзо ќе станеме членкаа на НАТО. Што е ова, лов на вештерки?

Мицевски: ВМРО ДПМНЕ наредниот период ќе работи на подобрување на договорот, не на поништување на еден ваков меѓународен документ. 
Манчевски: Ја поздравувам изјавата, ова е нова политичка реалност, вакво нешто да каже пратеник на опозицијата.

Заложничка драма во банка на Флорида , застрелани повеќе луѓе (ВИДЕО)

Шефот на полицијата на округот Хајлендс на Флорида , Дон Елвел , изјави дека повеќе луѓе се застрелани во заложничка драма во банката SunTrust во гратчето Сербинг.

Полицијата информира дека заложничката драма почнала во средна напладне по локално време, но се уште не е јасно дали застреланите се вработени во банката или клиенти. На видеото се гледа полициски и возила на итна помош .

Медицинските тимови влегоа во банката , откако беше скршен стаклениот влез. Во близина се застанати роднините и пријателите на лицата , кои се во банката.

За сега драмата нема исход и не се знае колку лица ги држат во заложништво вработените и клиентите , ниту се знае точниот број на киднапирани , како ни видот на повредите на застреланите.  

притисни ентер