Крилото на БЕСА на Африм Гаши е за уставните измени и членството во НАТО

Ние уште еднаш потврдуваме дека Движењето БЕСА со своите три пратеници останува силно посветена на усвојување на уставните измени и членството на земјата во НАТО. 

Сега, кога е актуелна улогата на пратениците за очекуваните уставни измени, а двајца пратеници, дојдени некогаш од една друга партија во Движењето БЕСА му се спротивставуваат на овој процес, бараме од медиумите да имаат разбирање за овие разлики и секогаш кога треба да информираат за ставот ПРОТИВ на тие пратеници, да ги споменуваат преку нивните лични имиња или преку фракцијата која ја претставуваат. 

Притоа, ние уште еднаш потврдуваме дека Движењето БЕСА со своите три пратеници останува силно посветена на усвојување на уставните измени и членството на земјата во НАТО, убедена дека на тој начин се реализира и еден дел од нашата програма, но и еден висок интерес на Албанците во Македонија, кој воедно е и стратешка цел на државата.

Денеска во Брисел,, грчки појадок“ за пријателите на Македонија

Се уште постои резерва кај Холандија и Франција за тоа дали земјава е реално подготвена за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

 Овие две земји имаа големи резерви и при определувањето на условениот датум минатата година, но по работниот појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, утрово во Брисел,  стана јасно дека конечно сериозната борба со криминалот и корупцијата и реално проведување на  реформите ќе биде од клучно значење за тоа дали по 3 месеци од сега ќе ги почнеме преговорите со ЕУ.

-Важно е Северна Македонија да продолжи да напредува, Холандија е строга и праведна во однос на примената на условите и мислиме дека е од најголема важност Северна Македонија да покаже јасни резултати, посебно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, оддаваме признание за решавањето на спорот за името, но тоа не го прави помалку потребно покажувањето напредок во другите области, вели Стеф Блок – министер за надворешни работи на Холандија.

За наша среќа кај речиси  сите другите земји постои подготвеност да дадат поддршка за почеток на преговорите, а тоа го потврди и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кои кој кажа  дека нивен експерт е веќе пратен во МНР каде што работи на подготовка на земјава за успешен стар на преговорите.

„Во јуни мора да се донесе одлуката за преговори со Македонија.  Европската комисија оваа година подоцна ќе ги објавува извештаите за напредокот на земјите од регионот, односно по изборите за европскиот парламент, на крајот на мај, меѓутоа ова не смее да биде причина да не се донесе одлуката за преговори на советот во јуни, истакна унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

На појадокот министерот  Никола Димитров на своите колеги им кажал дека цела Европа треба да ја препознае промената во земјава.

„Нашата работа е да ве убедиме дека она што го имаме денес во Северна Македонија е можност за ЕУ. Нашата цел е да се трансформираме и да станеме европски во начинот на кој функционира нашиот систем, порача министерот Никола Димитров.

Утре и Премиерот Заев патува во Брисел каде ќе претседава со годинашниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација во Брисел, а копретседавач на состанок ќе биде високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.

Како ќе изгледа повратот на ДДВ за граѓаните

Од повратот на ДДВ најмногу ќар ќе имаат најбогатите, покажува истражувањето на невладината Фајненс Тинк.

Само оние кои годишно трошат по 20 илјади евра, со мерката на Владата ќе можат да си вратат 22 238, или нешто помалку од просечната плата во земјава која според последните податоци изнесува 25 784 денари.

Според нив - повратот ќе оди тешко за оние со минимални примања. Сиромашните слоеви ќе земат најмалку од колачот, само 738 денари.

Анализата покажала дека со оваа мерка кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра.

Најавите од Владата се дека проектот за поврат на 15% од платениот ДДВ ќе почне од јули, но деталите за начинот на кој тоа ќе се прави се уште не се познати.

Од министерството за финансии велат дека во тек се подготовките, а со сите детали ќе излезат навремено.

-Мерката има 2 главни цели: првата е поврат на средства кај граѓаните кои одговорно го плаќаат данокот на додадена вредност, додека втората е намалување на даночното затајување.

Односно граѓаните откако ќе побараат фискална сметка и ќе ја внесат во системот за истата ќе им биде пресметан поврат на 15% од платениот ДДВ, се вели во дописот од финансии, МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ.

Пред неколку дена премиерот Заев на трибина кажа дека моделот е готов, но без да изнесе повеќе детали. Претходно обзнани дека секој граѓанин над 15 години со важечка лична карта ќе може да врши поврат преку својот мобилен телефон, откако ќе се регистрира во системот. Тоа ќе може да го сторат и сите под таа возраст но со помош од родителите.

Од 1-ви мај меленото месо, плескавиците и ќебапите со нова декларација

Од први мај сите месарници и индустриски капацитети ќе имаат обврска да стават декларација на меленото месо од каде потекнува, дали е изработено од свежи или замрзнато месо, колкав е процентот на вода и сол.

 Со правилникот кој денеска се промовираше кој треба да донесе поголема заштита на потрошувачите се утврдува од кои категории на месо може да се првата плескавиците а не како досега во меленото за плескавици што се ставаа и желудници заради недефинираноста на законот и ќе биде утврдено колку од протеините се колагени.

Но иако најавен како правилник кој ќе донесе обврска за јасни декларации на плескавиците и ќебапите сепак овој правилник ќе биде обврска само за месарниците и големи индустриски капацитети но не и за сендвичарите и угостителските објекти. Кога ќе купите сендвич со плескавица кој најчесто го јадат младите или во ресторан нема да знаете дали е јадете замрзнато месо и од каде тоа потекнува.

Од пред речиси една година државата им дозволи на големи индустриски капацитети да увезуваат смрзнато месо без царина. Досега по оваа повластена стапка се увезени над 4500 тони месо кое за споредба е двојно поевтино од свежото. Сточарите и потрошувачите очекуваа заштитни механизми ова замрзнато месо да не заврши како свежо заради економскиот мотив, наместо тоа добиваат само половично решени со декларирање на составот и потеклото на плескавиците само во месарниците а не и во сендвичарите и кафеаните каде и најмногу се троши.

 Агенцијата за храна најави дека направила контроли за 8 март за тоа дали замрзнато месо се продавало како свежо заедно со царината за која акција дополнително ќе ја информираат јавноста.

притисни ентер