Адеми: Според ситуацијата со морбилите на терен, МОН ќе преземе мерки

Во целосна коодинација сме и со министерот за  здравство и со министерката за труд и социјална политика, под чија надлежност е предучилишното образование, и сериозно ја следиме ситуацијата.

Министерството за образование и наука ја следи ситуацијата со епидемијата од морбили, во координација е со министерствата за здравство и за труд и социјална политика и врз основа на состојбата на терен ќе одлучи за евентуално одложување на второто полугодие од учебната 2018/2019 година, што  треба да почне на 21 јануари.

-Во целосна коодинација сме и со министерот за  здравство и со министерката за труд и социјална политика, под чија надлежност е предучилишното образование, и сериозно ја следиме ситуацијата. Според тоа што ќе го имаме на терен, ќе преземеме мерки во пресрет на второто полугодие. Ќе биде преземено тоа што е неопходно од наша страна како надлежна институција, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми по посетата на ОУ „Васил Главинов" во Чаир кое се реконструира.

Додаде дека со тие две министерства МОН е во координација и за изнаоѓање законско решение со кое, како што рече, ќе се поттикнат сите родители да ги вакцинираат децата затоа што основното образование е задолжително.

-Треба да водиме грижа и за следење на  воспитно-образовниот процес во основно и за вакцинацијата на нашите деца. И во постојниот Закон за основно образование е предвидено дека при упис на децата во основно, нивните родителите треба да докажат дека биле вакцинирани, рече Адеми.

Соопшти и дека втората нацрт-верзија од новиот закон за основното образование е во финална фаза и наскоро ќе биде објавен на електронскиот регистар на прописи (ЕНЕР) и, како што рече, ќе содржи квалитетни решенија. 

Кабинет на Ципрас: Нимиц става крај на приказната на Мицотакис за наводно одново преговарање за Договорот

Жестока вербална битка за одбраната на Македонија во грчкиот Парламент, на првиот ден од расправата за Преспанскиот договор.

И покрај жестоките критики  на Договорот, опозициската Нова демократија, како што пренесува Катимерини, нема да поднесе иницијатива за гласање недоврба на Владата на Ципрас.

Во Атина е екипата на Канал 5 со Александар Видиновски,  александар кои се најновите информации околу расправата во грчкиот парламент.

Можни ли се нови изненадувања, освен најавите за нови масовни приотести утревечер?

Никола Мицевски и Дамјан Манчевски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Никола Мицевски и Дамјан Манчевски

Мицевски: Зошто носите закони по скратена постапка а први бевте против тоа?
Манчевски: Законот за спречување на корупција зошто 5 до 12 се донесе?

Мицевски: Треба да ја менуваме историјата, има јавен притисок да се сменат историски факти по секое погчавје од Преспанскиот договор.
Манчевски: Договорот е потпишан веќе една година, набрзо ќе станеме членкаа на НАТО. Што е ова, лов на вештерки?

Мицевски: ВМРО ДПМНЕ наредниот период ќе работи на подобрување на договорот, не на поништување на еден ваков меѓународен документ. 
Манчевски: Ја поздравувам изјавата, ова е нова политичка реалност, вакво нешто да каже пратеник на опозицијата.

Заложничка драма во банка на Флорида , застрелани повеќе луѓе (ВИДЕО)

Шефот на полицијата на округот Хајлендс на Флорида , Дон Елвел , изјави дека повеќе луѓе се застрелани во заложничка драма во банката SunTrust во гратчето Сербинг.

Полицијата информира дека заложничката драма почнала во средна напладне по локално време, но се уште не е јасно дали застреланите се вработени во банката или клиенти. На видеото се гледа полициски и возила на итна помош .

Медицинските тимови влегоа во банката , откако беше скршен стаклениот влез. Во близина се застанати роднините и пријателите на лицата , кои се во банката.

За сега драмата нема исход и не се знае колку лица ги држат во заложништво вработените и клиентите , ниту се знае точниот број на киднапирани , како ни видот на повредите на застреланите.  

притисни ентер