Протест на американските владини службеници во Вашингтон

Стотици вработени во американската федерална администрација одржаа протестен марш во Вашингтон, барајќи исплата на нивните плати и враќање на работните места.

Маршот, во услови на исклучително студено време, почна пред седиштето на синдикатот на вработените во државните институции, а заврши пред белата куќа.

 Учесниците на маршот скандираа „си ги сакаме нашите плати“ и „сакаме да работиме“, изразувајќи го на тој начин своето незадоволство од блокадата на државните институции во САД до кои дојде поради спорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и демократите во конгресот околу финансирањето на изградбата на ѕидот на границата кон Мексико.

 Меѓу транспарентите што ги носеа учесниците на денешниот протест беа и „Трамп, прекини ја блокадата“ и „пуштете ме да ја работам мојата работа“.

ВМРО-ДПМНЕ обележува 29 години од основањето

ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 29 години од формирањето на партијата.

 Централната прослава е вечерва во Македонска филхармонија.

 Повеќе за тоа од извештајот на Игор Манасиевски.

Седница на Централниот одбор на СДСМ во Охрид

Кој ќе биде дел од новото партиско раководство. Реконструкција на владата или враќање на мандатот. СДСМ во Охрид носи одлуки.

Избор на ново партиско раководство, како и заокружување на внатрепартиските промени се прашањата, кои се очекува да доминираат на седницата на централниот одбор на владејачката СДСМ, која почна попладнево во Охрид.

Јулијана Николовска е во Охрид.

Од партијата на Заев најавија низа одлуки. На маса се и неколку опции поврзани со реконструкција на владата или враќање на мандатот.. Кој ќе биде дел од партиското раководство.

Маринов: Апсурдно е да се разговара за средниот век низ призмата на модерните нации

Скоро истите прашања сè уште се дебатираат на едно високо, дури и политичко ниво.

- За мене тоа е навистина, на некаков начин, апсурдно, но ќе видиме по 30 години дали некој ќе се смее на сето тоа, вели бугарскиот историчар Чавдар Маринов во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

притисни ентер