Фото: Силна порака од Џенифер Лопез

Холивудската ѕвезда Џенифер Лопез ќе се појави на насловната страница на магазинот „Харперс базар“.

Во новиот број на познатиот магазин ќе се појави и интересно интервју на популарната Џеј Ло во кое таа отворено зборува за своите несигурности и за тоа каков однос има кон кариерата и луѓето околу себе.

На фотографиите кои ќе се појават во магазинот може да се види феноменалната става на 49 годишната латиноамериканка. Мегапопуларната пејачка меѓу другото во интервјуто за магазинот истакнала.

-На почетокот на кариерата имав чувство дека луѓето сакаат да ме стават во кутија. Или ќе глумиш или ќе пееше, двете работи не може. Сепак јас се чувствувам сигурно со самата себе поради тоа што знаев дека ќе работам различни работи. Си реков себе си дека ќе се обидам.Никогаш не помислив дека не сакам да го работам она што го работам. Само некогаш помислуван дека добро ми ми дошла пауза. Но сепак имам уште многу тоа што да направам. Мислам дека никогаш нема да си кажам себеси дека сум направила се што сум сакала, изјавила во интервјуто Џеј Ло.

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) денеска официјално ќе ги додели грантовите на добитниците од третиот повик, за стручно образование и обуки изработени во соработка помеѓу претпријатијата и установите за стручно образование и обука во регионот.

На настанот што ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Македонија, ќе присуствуваат: Антони Пешев, извршен директор, Стопанската комора, Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во земјава, Лусиен Аегертер, заменик шеф на мисијата при Амбасада на Швајцарија во Македонија, Мориц Реме, директор на Канцеларијата на Германската банка за развој во Македонија и Косово, Татјана Штерјова Душковска, генерален секретар и Јелена Маниќ Радоичиќ, заменик раководител на тимот, Регионален фонд за предизвици.

По три отворени повици, Регионалниот фонд за предизвици се обврзува да поддржи вкупно 16 проекти со 85 партнер претпријатија во Северна Македонија во износ од 7,13 милиони евра.

-На третиот повик за предлог проекти, пристигнаа 155 изјави на интерес од земјите на Западен Балкан, од кои 25 беа од Македонија. Комисијата за избор одлучи да ги финансира двата најуспешни проекти од Македонија со вкупен износ од 951,905 евра. Овие средства ќе се искористат за подобрување на инфраструктурата на образовните установи и за обезбедување обука на учесниците во програмата за кооперативно образование, наведуваат од

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) ја поттикнува одржливата конкурентност на бизнисите од Западен Балкан 6 на патот кон единствениот пазар на ЕУ финансиски поддржувајќи го стручното образование кое во соработка со претпријатијата треба да одговори на потребите од одредени вештини. /МИА

Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата на Македонија

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде предадена донација од 76 моторни возила од Кралството Норвешка. 

- Седумдесет и шесте моторни возила, од кои триесет и шест се лесни пешадиски моторни возила од типот Мерцедес бенз- 290ГД, Мулти 2 и четириесет товарни моторни возила камиони Сканија-П3, се последен од досегашните многубројни проекти на континуирано одличната соработка во полето на одбраната помеѓу Република Македонија и Кралството Норвешка, велат од Министерството за одбрана.

На настанот ќе се обратат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Кралството Норвешка за Македонија, Кристин Мелсом и бригадниот генерал Андрес Јернберг, командант на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка.

На чинот на официјалното предавање ќе присуствува и раководството од Министерството за одбрана и Генералштабот, генерали во Армијата и команданти од единици.

притисни ентер