Полицијата употреби солзавец во Атина против протестанти

Грчката полиција употребила солзавец врз левичарски демонстранти кои протестираа против посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Атина.

И покрај забраната за демонстрации во центарот на градот во текот на дводневната посета на Меркел, неколку десетици луѓе успеале да го пробијат полицискиот кордон пред да бидат истуркани од полицијата.

Нема извештаи за повредени или уапсени.

За безбедноста во Атина за време на посетата на Меркел се ангажирани 2 илјади полицајци, хеликоптери и дронови, додека некои улици и метро станици се затворени.

 Грците ја обвинуваат Меркел за мерките за штедење воведени поради големиот финансиски долг на земјата.

ВМРО-ДПМНЕ обележува 29 години од основањето

ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 29 години од формирањето на партијата.

 Централната прослава е вечерва во Македонска филхармонија.

 Повеќе за тоа од извештајот на Игор Манасиевски.

Седница на Централниот одбор на СДСМ во Охрид

Кој ќе биде дел од новото партиско раководство. Реконструкција на владата или враќање на мандатот. СДСМ во Охрид носи одлуки.

Избор на ново партиско раководство, како и заокружување на внатрепартиските промени се прашањата, кои се очекува да доминираат на седницата на централниот одбор на владејачката СДСМ, која почна попладнево во Охрид.

Јулијана Николовска е во Охрид.

Од партијата на Заев најавија низа одлуки. На маса се и неколку опции поврзани со реконструкција на владата или враќање на мандатот.. Кој ќе биде дел од партиското раководство.

Маринов: Апсурдно е да се разговара за средниот век низ призмата на модерните нации

Скоро истите прашања сè уште се дебатираат на едно високо, дури и политичко ниво.

- За мене тоа е навистина, на некаков начин, апсурдно, но ќе видиме по 30 години дали некој ќе се смее на сето тоа, вели бугарскиот историчар Чавдар Маринов во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

притисни ентер