Ракометарите пристигнаа во Минхен

18 ракометари од македонската репрезентација под водство на селекторот Раул Гонзалес рано утрово заминаа за Минхен на Светскиот ракометен шампионат  чии домаќини се Германија и Данска.

За нашата најдобра ракометна селекција ова е четвртото учество на Светските шампионати.

Пред заминувањето за Германија селекторот Гонзалес  ја направи последната промена во тимот, поради повредата капитенот на Металург Димитар Димитриоски  остана во Скопје а во Минхен отпатува неговиот соиграч кружниот напаѓач Милан Лазаревски.

 Нашиот национален тим настапите на ракометниот мундијал ги започнува на 11 јануари во петок во 15 часот и 30 со дуелот против Јапонија. потоа не очекуваат и натпреварите со Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд. Само трите првопласирани репрезентации  од групата ќе обезбедат место во главната рунда.  

Националниот тим пристигна во Минхен , кој во следните девет дена ќе биде базата на нашите најдобри ракометари на првиот дел од светското првенство.

Во Минхен  ќе биде присутна и македонската навивачка фаланга, според најавите околу 1000 Македонци веќе набавиле билети за дуелите на црвено жолтите во групната фаза.

Игуаин позајмен на Челси , може да го откупат за 36 милиони евра

Челси официјално објави дека го донел во клубот Гонсало Игуаин , кого го позајмиле од Јувентус до крајот на сезоната.

Аргентинецот оваа сезона беше позајмен во Милан , но тој договор е поништен откако Челси доби право да го позајми фудбалерот уште една сезона за 18 милиони евра или да понуди откуп на договорот на Игуаин за 36 милиони , кои мора да се исплатат наредните две сезони.

,,Кога ќе ти се укаже ваква можност , мораш да ја искористиш . Од секогаш ми се допаѓал тој клуб , неговиот убав стадион и фактот дека игра во Премиершип , лига во која од секогаш сум сакал да играм.” , изјави Игуаин.

Од минатото лето тој беше позајмен од  Милан , каде даде 8 голови на 22 натпревари . Претходната сезона во Јувентис даде 23 гола на 50 натпревари , но на клубот веќе не му е потребен по доаѓањето на Кристијано Роналдо.

,,Супер Марио” замина во нов клуб , го пречекаа со специјална порака (ВИДЕО)

Фудбалерот Марио Балотели , веднаш по раскинувањето на договорот со Ница , од денеска е веќе во Марсеј , каде ќе ја продолжи кариерата.

28 годишниот напаѓач ,,Супер Марио” денеска ги помина лекарските прегледи и официјалното претставување. Неговиот нов клуб го поздрави со креативнa видео порака.

Оваа сезона италијанскиот офанзивец одигра само 10 натпревари за Ница , без да постигне ниту еден гол. Во Франција стигна во 2016 по истекувањето на договорот со Ливерпул.  Во својата бурна кариера Балотели настапувал професионално за клубовите Лумецане , Интер , Манчестер Сити , Милан и Ливерпул , пред да замине во Ница. Со Интер 2010 ја освои Лигата на шампионите.

Функционери на Црвена звезда сослушани во Париз, поради сомнеж за местење на натпреварот со ПСЖ!

Функционерите на ФК Црвена звезда Митар Мркела и Стефан Пантовиќ дале искази во Париз во рамките на истрагата која се спроведува поради сомнеж за обид за местење на натпреварот од  Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Црвена Звезда.

 Пренесува француски „Екип“, мечот на „Паркот на принцовите “ во Париз  заврши со триумф на ПСЖ од убедливи 6-1.

Еден од адвокатите на тимот од Белград, Антоан Ве, кој го води случајот во Париз на весникот му потврдил дека директорите на Ѕвезда  биле во француското обвинителство.

Звезда инаку,има поднесено тужба против НН лице поради клевета и нанесување на штета на угледот клуботпоради што во Париз се ангажирани огледни адвокати.

Токму весникот „Екип“ на 12 октомври ја отвори сторијата дека „преку дооушник кого го сметаат за веродостоен“, добил сознание дека еден функционер на Звезда сакал да уплати 5 милиони евра на висок пораз на клубот.

Покрај поранешниот европски шампион Црвена звезда ваквите обвинение за наводно местење на резултатот ги отфрлиле и челниците на ПСЖ. 

притисни ентер