Британија врати украдени артефакти од древен Египет

Египетското министерство за антиквитети во земјата ги врати артефактите , кои биле илегално прокриумчарени во Британија.

Станува збор за вреден релјеф со картуш (потпис) на фараонот Аменхотеп I , кој е втор владар од XVIII династија . Предметот бил изложен во аукциска куќа во Лондон.

Пред да биде украден предметот бил изложен во музеј на отворено во древниот град Карнак , во градот Луксор. Предметот бил доставен до египетската амбасада во Лондон в септември минатата година. Е

гипет последните години се обидува да ги врати вредните предмети назад во државата. Ги предупреди музеите низ целиот свет дека нема да им помага при организирање тематски изложби за древниот Египет , доколку не ги вратат прокриумчарените предмети.

ВМРО-ДПМНЕ обележува 29 години од основањето

ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 29 години од формирањето на партијата.

 Централната прослава е вечерва во Македонска филхармонија.

 Повеќе за тоа од извештајот на Игор Манасиевски.

Седница на Централниот одбор на СДСМ во Охрид

Кој ќе биде дел од новото партиско раководство. Реконструкција на владата или враќање на мандатот. СДСМ во Охрид носи одлуки.

Избор на ново партиско раководство, како и заокружување на внатрепартиските промени се прашањата, кои се очекува да доминираат на седницата на централниот одбор на владејачката СДСМ, која почна попладнево во Охрид.

Јулијана Николовска е во Охрид.

Од партијата на Заев најавија низа одлуки. На маса се и неколку опции поврзани со реконструкција на владата или враќање на мандатот.. Кој ќе биде дел од партиското раководство.

Маринов: Апсурдно е да се разговара за средниот век низ призмата на модерните нации

Скоро истите прашања сè уште се дебатираат на едно високо, дури и политичко ниво.

- За мене тоа е навистина, на некаков начин, апсурдно, но ќе видиме по 30 години дали некој ќе се смее на сето тоа, вели бугарскиот историчар Чавдар Маринов во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

притисни ентер