Германија врати слика украдена од нацистите

Германските власти вратија вредна слика на сопствениците , која била украдена за време на Втората светска војна.

Сликата била украдена од нацистите за време ан Втората светска војна од домот на Жорж Мадел , Евреин со француско потекло. Неговите наследници ја добија сликата ,,Портрет на млада жена која седи” , запленета од нацистите од домот на Жорж Мандел , кој бил политичар и член на Движењето на отпорот и убиен од нацистите.

Сликата била пронајдена во колекцијата на Корнелиус Гурлит, додека властите го испитувале случајот на неплатен данок од 2012 година.

Во колекцијата на Гурлит има илјадници уметнички дела од времето на нацистите , бидејќи таткото на Корнелиус , Хилдебранд , бил познат трговец со слики во тоа време.

Партиски групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат состаноци за СЈО

Власта и опозицијата ги стартуваат преговорите за предлог законот за јавно обвинителство со којшто се регулира идната работа и спојувањето на Специјалното јавно обвинителство со редовното јавно обвинителство.

Работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне ќе се сретна во министерството за правда на прв состанок на кој што треба да се разменат аргументите околу спорните делови од предлог законот.

Според најавите, работните групи на власта ќе ги предводат министерката за правда Рената Дескоска и нејзиниот заменик Оливер Ристовски ,а на опозицијата адвокатот Тони Менкиновски.

Опозицијата пред се’ спротивставува на тоа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да продолжи да ја води оваа институција. Покрај законот за јавно обвинителство, се очекува да се разговара и за другите реформски закони, меѓу кои и законите за агенцијата за национална безбедност и за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во република Северна Македонија.

За овие два закона денеска ќе се одржи јавна расправа во собраниската комисија за одбрана и безбедност. Неформален рок за договор е крајот на месецов односно пред паузата на собранието поради предизборната кампања. Законите кои ги договараат власта и опозицијата се важни за зголемување на шансите за добивање датум за преговори со европската унија во јуни.

Премиерот Зоран Заев денеска вели преговорите за судбината на СЈО не се пазар за криминал. Според премиерот амнестирањето од кривични дела заврши, но признава дека амнестирањето на пратениците беше со цел обезбедување на двотретинско мнозинство во собранието за уставните измени за промена на името на државата.

426 илјади евра за патните и хотелските сместувања на пратениците

Околу 426 илјади евра ќе  потрошат пратениците и вработените Собранието оваа и следната година за патувања во странство.

 Законодавниот дом распиша два тендери за набавка на авиобилети и обезбедување хотелско сместување.

Од собраниската прес служба по информациите дека се планираат високи суми за патувања информираат дека за годинава, како и за следната со собранискиот Календар на активности предвидени се 106 патувања.

За таа цел од буџетот на парламентот ќе се издвојат 13 милиони денари или околу 213 илјади евра за авионски билети. Исто толку пари се планира да биде потрошени и на хотелско сметување. Дел од парите, велат од Собрание, се донација од Швајцарската агенција за развој за потребите на Парламентарниот институт.

„ Дел од средствата се рефундираат од организаторите, во зависност од настанот. Сега има актуелна рамковна спогодба со 4 агенции и договорот е сукцесивен. За секоја набавка има посебно барање до 4 компании и се бира најекономичната и најрационална понуда. Очекуваната провизија е 0,01 процент. Напоменуваме дека е обезбедена конкуренција. Ќе се склучи рамковна спогодба со сите кои ги исполнуваат условите, и конкуренцијата ќе обезбеди поевтино и пофункционално патување“, велат од собраниската прес служба.

Парите предвидени за патувања за годинава и следната се повисоки во однос на претходните две години. На пример, лани за авио билети Собранието потрошило нешто околу 93 илјади евра.

Во 2017 година парламентот потрошил вкупно 84 илјади евра за патувања. Висока сума од 162 илјади евра за реализација на посети во странство е потрошена и во 2015.

Собраниските служби објаснуваат дека повисоките расходи за патувања во текот на оваа година се должат патувањата поврзани со членството на земјава во НАТО и очекувањата во јуни да добиеме датум за преговори.

Средба Николовски – Баздникин: Нема застој во извозот во Русија

Во изминативе пет дена во Русија се влезени шест македонски фирми - извозници  кои во оваа земја извезуваат градинарски производи и овошје.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски денеска имаше работен состанок со амбасадорот на руската федерација, Сергеј  Баздникин, на кој што главна тема беа последните информации за извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи во Русија.

Во соопштението од министерството се наведува дека било констатирано дека според официјалните податоци од руските надлежни институции и од надлежните институции во земјава, не постои застој при влез на македонските камиони во руската федерација. 

Сите компании -извозници, кои подигнале фитосанитарни сертификати со новото уставно име Република Северна Македонија,  без никаков проблем ги поминале граничните премини кон Русија, со што е овозможен непречен влез на камионите и пласман на македонските земјоделско-прехранбени производи на рускиот пазар.

 Ова го потврди и рускиот амбасадор  Баздникин, кој на состанокот децидно посочи,  дека од руска страна не постои ниту официјално известување, ниту било каква друга пречка за влез на македонските камиони во Русија, поради промената на уставното име на државата.

Во изминативе пет дена во Русија се влезени шест македонски фирми - извозници  кои во оваа земја извезуваат градинарски производи и овошје.

притисни ентер