Освои Златен Глобус , па се посрамоти пред сите (ВИДЕО)

Додека ја напушташе бината по освојувањето на Златниот Глобус  , актерот Рами Малек се посрамоти пред сите.

Актерот Рами Малек (37) ја доби наградата за најдобар филм за ,,Боемска Рапсодија” , во кој ја игра улогата на починатиот пејач Фреди Меркјури.

На доделувањето на наградите во неделата во Беверли Хилс, Малек сакаше да се поздрави со неговата омилена актерка Никол Кидман. Но , таа едноставно му го заврте грбот.

Видеото стана хит , а на социјалните мрежи се појавија илјадници коментари со осуда на однесувањето на Кидман и со исмевање на потегот на Рами.

Турците организираа голем бојкот поради високите цени во рестораните, ќе бидат казнети

Оние кои се жалеа на претерано високите цени во кафулињата и рестораните презедоа акција.

Во Турција јадењето и пиењето во ресторан, кафуле или сличен објект за многумина стана невозможно, а за некои луксуз.

Како што е наведено, речиси секој оброк, од појадок до вечера, се нуди на продажба по високи цени. Покрај тоа, како што растат цените, порциите стануваат сѐ помали.

Така, многумина одлучија да ги бојкотираат овие високи цени за време на викендот, а движењето се разви на социјалните мрежи. Движењето за бојкот, кое рапидно растеше, доби поддршка од познати имиња.

Економистот Ирис Цибре, која исто така повика на бојкот во јануари, вчера го повтори нејзиниот повик:

- Со одлука на мнозинството, за време на викендот нема да одиме во кафулиња и ресторани. Ги повикуваме сите да се придружат во запирање на опортунизмот.

Екипите на Министерството извршиле инспекциски надзори на работни места каде што се нудат услуги за храна и пијалоци како ресторани, кафеани, кафулиња и слаткарници низ државата. При увидот се испитувало дали ценовниците се поставени пред влезната врата, предметните работни места и на масите на кои се врши сервисот, на начин што е лесно видлив и читлив за потрошувачите.

Во овој контекст, заменик-директорот за трговија на провинцијата Анкара, Елиф Тан и нејзиниот тим извршиле увид во работните места кои обезбедуваат услуги за храна и пијалоци во округот Чанкаја.

Кафулињата и рестораните се на прво место меѓу местата каде што граѓаните одат да поминуваат време со пријателите и семејството во секојдневниот живот. Луѓето кои сакаат да јадат на местата каде што одат велат дека ги вознемирува фактот што цените на менијата во последно време се зголемени.

Според ТРТ њуз, за ​​ова прашање било разговарано и во Големото национално собрание на Турција. Тема на дневен ред била зголемувањето на казните изречени поради поскапувања во кафулињата и рестораните. Се очекува да бидат изречени високи казни за компаниите кои наплаќаат цени за храна и пијалоци кои се доволно високи за да предизвикаат страдање на граѓаните, пренесува Хаберанкара.

ПСЖ собори рекорд во Лига 1, Мбапе подобри лично достигнување

 Иако Пари Сен Жермен допрва треба да ја обезбеди титулата во Лига 1, францускиот хегемон продолжува да испишува историја во својата домашна лига.

Парижаните со вчерашниот успех против тимот на Лориен со 4:1 ја продолжија низата без пораз на гостински терен на 22 последователни натпревари, што до сега не го направила ниту една екипа во тамошниот шампионат.

Пари Сен Жермен последен пат загуби на гостински терен на 11 февруари 2023 година во натпреварот од 23. коло на Лига 1 минатата сезона, кога беа поразени со 1:3 од Монако. Претходниот подвиг му припадна на Лион, кој беше непоразен на гостувањата од март 2005 до април 2006 година.

Големата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, исто така се запиша и асистираше во мечот против Лориен, со што се искачи на 43 гола во сезоната и го подобри својот личен максимум во однос на постигнувањето голови во една сезона.

Парижаните во моментов имаат 11 бода предност пред второпласираниот Монако, а доколку победат на претстојниот меч против тимот од Ле Авр на 27 април (сабота) ќе ја обезбедат и титулата. /МИА

Стојаноска од Јегуновце: Оваа криминална власт вчера го доби жолтиот картон, црвениот на 8 мај

Од победничко Јегуновце, најпрво се заблагодарувам и им честитам на сите граѓани на Република Македонија, особено на тие од изборната единица шест, затоа што вчера ја направија Македонија горда.

Вчерашниот датум, 24 април, оваа криминална власт го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај.

Денес продолжуваме со стисок на рака повеќе и барање на глас повеќе, заедно да се обединиме против криминалот.

Ова политичко зло да го испратиме во пензија и Македонија повторно да ја направиме твоја и повторно горда, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

притисни ентер