НБА кошаркар си купи нов Ролс Ројс и покажа со кои патики треба да се вози (ФОТО)

НБА кошаркарот П.Џ.Такер купувањето на новиот модел на Ролс Ројс го дополни со нови патики, кои одговараат со луксузното возило. 

33 – годишниот кошаркар на Хјустон Рокетс е познат како најстраствен колекционер на патики , така што си дозволи да си купи и патики со логото на новиот автомобил. такер , откако потроши над 300 000 долари за за белиот Ролс Ројс Кулинан , си нарача и патики со специјално лого , исто како и автомобилот.

Another first! This time, my first full reconstruction on a Jordan 3 silhouette! Made for my dude @therealpjtucker17 on behalf of the fine people of @postoakmotorcars in Houston. We collaborated on this fine gift to match PJs newest acquisition, the new @rollsroycecars #Cullinan. Luxe white with red interior! . . . . #nicekicks #solecollector #solesociety #sneakernews #shoes #hypebeast #customkicks #jordans #followme #kicksonfire #kickstagram #kicks0l0gy #love #sneakers #highsnobiety #complexkicks #complexkicks #dankandco #dankcustoms #kicksoftheday #angelusdirect #sneakernews #igsneakercommunity #shoegame #grexairbrush #jordan3 #jordan #recon #rollsroycecullinan #rollsroyce

A post shared by Jake Danklefs - FootwearDesign (@jwdanklefs) on

Колекцијата на патики на Такер брои над 2 000 пара , а само минатата година потроши над 200 000 долариз а да си ја прошири збирката.

Такер не сака само патики туку и автомобили , така што во колекцијата на возила има меѓу другите Lamborghini Aventadora , Ferrari 488, како и Rolls Royce Phantom.

Хрватска упати протестна нота до Србија поради нападот врз нејзини граѓани во Панчево

 Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево, соопштено е денеска во Загреб.

„Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Република Србија во врска со неиспровоцираниот тежок физички напад што се случи на 13 април во Панчево, врз четворица хрватски државјани, како и врз двајца српски државјани кои дошле во нивна одбрана“, се вели во соопштението на министерството.

Хрватското Министерство најостро го осуди тој чин, кој, според достапните информации, е јасно национално и етнички мотивиран.

Во Мексико Сити измерени рекордни 34,2 степни Целзиусови

Во главниот град на Мексико вчера е регистрирана рекордно висока температура од 34,2 степени Целзиусови (93,6 Фаренхајти), изјави директорот на Националната комисија за води, Герман Мартинез Сантојо.

Тој додаде дека претходниот рекорд од 33,9 степени Целзиусови во Мексико беа измерени на 9 мај 1998 година. /МИА

Уапсен малолетник од Тетово кој одзел автомобил

- Полициски службеници ноќеска уапсиле малолетник во Тетово, кој украл возило „фолксваген пасат“. Возилото и е вратено на сопственичката, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Ноќеска, во 02.05 часот во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода малолетник. Тој се сомничи дека околу 01.00 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовката М.С.(46), по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовецот Ш.С.(45), информираат од МВР.

Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер