Шал таблата ќе има вграден екран со димензии 125 x 25 см.
Кинескиот бренд Бајтон „Byton“ ќе ја престави сериската верзија на својот прв автомобил на саемот ЦЕС на почетокот на 2019 година во Лас Вегас.
Пред најавената премиера е прикажен кок-питот на финалниот модел.
Неверојатниот вграден екран ќе има неверојатни 49 инчи и 4К резолуција и ќе се простира низ целата широчина на возилото, со што се брише границата меѓу инфо- забавниот систем и инструмент таблата.
Покрај овој огромен екран, пред возачот ќе биде поставен и неговиот „таблет“ од осум инчи, преку кого ќе се контролираат поголем дел од функциите на автомобилот.
Контролата ќе може да се спроведува со гестови но и со гласни команди со помош на Амазон Алекс виртуелниот асистент.
Инфо-забавниот систем „ Byton Life", ќе овозможува неверојатен број на опции, меѓу кои и прикажување на 3д навигација, видео повик, гледање и филмови, оваа операција ќе биде возможна само кога автомобилот е паркиран или и вклучен авто-пилот модот.
Со поврзувањето преку паметниот часовник или нараквица, автомобилот ќе може да ја следи и здравствената состојба на возачот.
Благодарејќи им на камерите, „Бајтон“ стигнува без клучеви. Покрај возачот автомобилот ќе ги препознава и другите членови на семејството и на основ на информациите од базата ќе ги пушта внатре.
Овој автомобил ќе има камери и во кабината за препознавање на другите патници. На секој патник ќе му биде овозможено индивидуално местење на седиштата, климатизацијата , како и други мултимедијални содржини кои се прикажуваат на екранот.
Според најавите „Бајтон“ ќе биде достапен во две електро верзии, со мотор од 272 КС и вртечки момент од 400 Нм, и вкупна сила од 476 КС, и вртечки момент 710Нм. Автомобилот до брзина од 100 км на час ќе стигнува за време од околу 6 секунди. Со едно полнење ќе може да се минат меѓу 400 и 520 километри.
Најавената цена на овој супер автомобил е само 36 000 евра.