Премиера на „Животинска фарма" во Струмичкиот театар

Театарот „Антон Панов" утревечер во импровизираната сцена од хангар, кој истовремено претставува и штала, премиерно ќе ја изведе претставата „Животинска фарма" од Џорџ Орвел. 

Режијата, драматизацијата и адаптацијата е на Љупчо Ѓоргиевски, сценографијата на Валентин Светозарев, костимографијата е на Андреј Ѓоргиевски, а музиката на Марјан Неќак.

Според режисерот Ѓоргиевски, иако тоталитаризмот на комунистичката идеологија денес е демаскиран и надминат, настапи време на тоталитаризмот во така наречената демократија.

-Претставата е буквар од кој последниве триесетина години ги учевме поимите на „демократијата", корупција, тоталитаризам, манипулација, демагогија, пропаганда, перење мозок, контрола. Нашата сегашност постојано е под контрола и тоа ни стана нормално секојдневие.Тој што ја контролира сегашноста го контролира и минатото, кое постојано се прекројува во зависност од дневно политичките интереси на власта. А тој што го контролира минатото ја контролира и иднината, рече режисерот на претставата, Љупчо Ѓоргиевски.

Актерот Коста Ангов, во претставата го игра еден од главните ликови, Наполеон.

-Сметам дека направивме една модерна претстава со современ театарски јазик почнувајќи од сценграфското решение, преку костимите, па и музиката, кои се многу значаен дел од целата претстава и завршувајќи со режисерските решенија, па и актерската игра на целиот ансамбал, рече актерот Коста Ангов.

Покрај него во претставата настапуваат и актерите Стојан Велков-Трн, Јулија Милкова, Игор Тодоров, Кире Ѓоргиев, Ванчо Василев, Јасмина Вучкова, Анкица Бенинова, Ангелина Тренчева Ангелова, Танкица Стојанова, Стојан Стојанов-Тачи и Ване Трајков.

Премиерата е утревечер, а веќе се закажани и повеќе репризни изданија во наредните денови.

Мицкоски: Ова е револуција на народот на Македонија, но работата не е завршена

Прењтседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција рече дека народот денеска докажал дека си ја сака Македонија. 

Ветував многу работи и сите работи се случија , рече Мицкоски. Ви благодарам од срце, народе на Македонија!

Македонија денеска порача дена народот е против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски. Резултатите ставаат простор за да бидеме задоволни , со голема историска победа . Ова е најдобриот резултат што ВМРО ја имала од позиција на опозиција. Над 600.000 гласаа против власта. Цунамито се крена и им виси на глава.

Димитриевски: Денеска ЗНАМ ја испишува новата политичка историја

Прес конференција одржа претседателскиот кандидат Максим Димитеиевски и претседатле на ЗНАМ.

Димитриевски рече дека денеска се роди третата политичка сила во државата со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бидаат нешто ново.

Се продава омилената Honda NSX на легендарниот Аиртон Сена (ВИДЕО)

Наскоро ќе се навршат 30 години од трагичната смрт на Аиртон Сена, а во оваа прилика на продажба пристигна неговиот омилен личен автомобил.

Легендарниот Ф1 пилот ја обожаваше Honda NSX, во чиј развој и тој лично учествуваше. Познат и како јапонско Ферари, NSX е сигурно најдобрата Хонда на сите времиња, а според многумина, најдобриот јапонски суперспортски автомобил.

Затоа, не е чудно што Сена имаше три примероци. Најпознатиот, кој се појавува и во документарниот филм Racing Is In My Blood, убав пример кој го поминал животот на португалските патишта, сега го нуди Auto Trader, а автомобилот се продава за 500.000 фунти.

За оваа не мала сума добивате повеќе од автомобил. Тоа е уникатно парче од историјата и веројатно најпрепознатливиот артефакт на легендата на Ф1. Овој болид го возеше трикратен шампион во Формула 1 кој победи на 41 Гран При и беше инспирација за многу возачи денес, вклучувајќи го и Луис Хамилтон. Загина трагично на 1 мај 1994 година на Големата награда на Сан Марино.

Сегашниот сопственик Роберт Мекфаган го купил NSX во Португалија и оттогаш се грижи и го разгалува. Автомобилот поминал околу 63.000 километри, а единствениот услов на продавачот е автомобилот да биде предаден во август по изложбата на Сена во Силверстоун.


притисни ентер