Хакирани податоците на вработените во НАСА

Вработените кои работеле во Американската вселенска агенција од 2006 година биле изложени на ризик, објави НАСА.

НАСА го предупреди својот персонал дека хакерите можеби ги украле нивните лични податоци.Во соопштението се наведува дека е можно два од нејзините сервери , кои содржат детали за поранешните и за сегашните вработени биле хакирани.

Се додава дека не е веројатно било која мисија на НАСА да била загрозена од ваквиот упад.Во НАСА истрагата за инцидентот почнала од 23-ти октомври.

"Целиот наш лидерски тим ја сфаќа заштитата на личните информации за многу сериозна", пишува во денешното соопштение.

"НАСА продолжува со напорите да ги обезбеди сите сервери и да ги ревидира сите процеси и процедури за да се осигура дека најновите безбедносни практики се следат низ целата агенција".

Тухел: Пласманот на табелата не е важен во дербито со Борусија

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел не смета дека дербито против Борусија Дортмунд ќе биде помалку интересно поради пласманот на двата тима во Бундеслигата.

Обично тоа е директен судир во борбата за титулата, но реалноста сега е поинаква. Шампионите заостануваат 10 бода зад лидерот Баер Леверкузен, а тимот од Вестфален е четврти.

- Пласманот е таков каков што е. Но, ние имаме шанса да го освоиме „Der Klassiker“. Станува збор за емотивен натпревар кој е историски за Бундеслигата и спротиставува два големи ривали. Значи нема разлика од претходните сезони, истакна Тухел.

На дуелот на „Алијанц Арена“ домаќините ќе бидат без капитенот Мануел Нојер, кој се уште чувствува болки од повреда. Александер Павловиќ, Рафаел Гереиро и Саша Бои исто така се аут од истата причина. Сепак, Хари Кејн се враќа и ќе игра откако пред неколку дена ги пропушти пријателските дуели во Англија поради повреда.

- Во лицето на Дортмунд очекувам противник кој ќе сака да не победи. Борусија е силна во нападот, а генерално играчите претпочитаат да ја контролираат топката. Ќе биде отворен натпревар. Инаку, нашето расположение е одлично, бидејќи во последно време сме убедливи и во нападот, мирен е Тухел.

Тој одби да ги коментира информациите дека Чаби Алонсо одлучил да остане во Баер Леверкузен и следната сезона. Шпанецот беше меѓу имињата кои се поврзуваа за наследник на Тухел во Минхен.

-Не сум сигурен дека сум вистинската личност за прашањето. Ова е одлука на Чаби, прашајте го него, изјави тој.

Еден од главните шефови на Камора се согласил да соработува со властите по четврт век во затвор

По повеќе од 25 години затвор и одбивање да зборува, еден од главните шефови на италијанската комора, Франческо Скијавоне, одлучи да соработува со обвинителството, објавија италијанските медиуми, пренесе Бета.

Истражните органи се надеваат дека ќе добијат повеќе информации за Камора и нејзината можна поврзаност со италијанската политичка сцена.

Седумдесетгодишниот Скијавоне бил еден од основачите и „кум“ на кланот Камора „Касалези“ во провинцијата Касерта во близина на Неапол.

Пред неколку недели, како што јави ДПА, тој воспоставил контакт со антимафијашките служби.

Двајца од неговите синови соработуваат со властите од 2018 и 2021 година, а уште двајца се во затвор.

Камора е една од најозлогласените мафијашки организации во светот, а нејзиното родно место се јужните италијански провинции Казерта и Неапол.

САД ја обвинија Русија за ширење дезинформации околу терористичкиот напад во Москва

САД ја обвинија Русија за дезинформации околу терористичкиот напад во концертната хала „Крокус сити хол“ минатата недела во кој загинаа 143 лица.

Од Стејт департментот изјавија дека Москва ја користи оваа трагедија за да ја оправда својата агресија против Украина.

- Мислам дека руската влада води пропаганда и дезинформација. Мислам дека сосем очигледно тие се обидуваат да го искористат овој терористички чин, овој трагичен инцидент во кој, за жал, загинаа руски граѓани за да се оправда нивната агресија во Украина, рече Милер.

Тој укажа дека Москва „не дава значање на основните факти, се измислуваат факти за да се поддржи тоа што тие сакаат да го направат“.

„Тоа е истото поведение од почетокот на војната, и за жал тие исто постапуваат и сега“, рече портпаролот на Стејт департментот.

притисни ентер