Ферари отвора изложба по повод 50. роденден на Шумахер

Музејот на Ферари ќе отвори изложба во чест на легендарниот возач на Формула 1 , Германецот Михаел Шумахер , кој на 3 јануари ќе наполни 50 години.

Изложбата ,,Михаел 50” во музејот на Ферари во Маранело ќе се одржи во соработка со финдацијата Keep Fighting , која пред две години ја основа семејството Шумахер.

,, Изложбата е замислена како прослава и знак на благодарност на најдобриот возач во историјата на Ферари. Изложбата ќе и овозможи на јавноста да го открие придонесот на Шумахер како возач , а потоа и како консултант во развојот на автомобилите на Ферари.” , порачаа од италијанската компанија.

Шумахер беше седумкратен светски шампион во Формула 1 , а пет од овие наслови ги освои како возач на Ферари.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер