СДСМ: Серија мерки за проблемот со загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ не презеде ништо

За намалување на загаденоста сега сите институции делуваат во здружена акција, проблемот се решава после 11 години непреземање ништо од ВМРО-ДПМНЕ.

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ се посвети на криминални тендери и богатење на поединци поради што го игнорираше проблемот со загадувањето и не презеде ништо. Дополнително, заради криминални интереси системски беше уништувано зеленилото, се потрошија милиони евра за барок, споменици и гипс наместо да се инвестира во почитста и здрава животна средина. Тоа резултираше со екстремна загаденост на воздухот што и денес се чувствува.

За разлика од таквиот неодоговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и нивното здравје, денес Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции, преземаат серија мерки на локално и на национално ниво преку кои се решава долгогодишниот проблем со аерозагадувањето.

Се обновува зеленилото што системски беше уништувано. Во Скопје, Битола, Велес но и на други места ширум земјава се спроведува акција за зазеленување, се садат дрвја и се обновува зеленилото. Интензивно се расчистуваат депониите, зачестени се инспекциите, се заменуваат нееколошките енергенси во училиштата. Засилени се активностите за гасификација, во тек е субвенцирање на еколошки печки на пелети за загревање на домовите.

Се решаваат проблемите со сите извори на загадување. Од наредната година, се набавуваат 40 нови еколошки автобуси за град Скопје, а предвидена е и набавка во другите градови како во Битола и Прилеп.

Ова се само дел од мерките што се преземаат континуирано за решавање на деценискиот проблем со загадувањето.

Чистиот воздух и здравата животна средина се врвен приоритет на СДСМ. Сите институции низ заедничка, координинарна акција секојдневно преземаат мерки за надминување на деценискиот проблем со загадувањето со цел за наредните две години загадувањето да се намали за 50 отсто во Скопје и за 30 до 50 отсто во цела Македонија.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Руските сили ги гранатираа Запорожје и Одеса

 Украинците со дронови ја нападнаа Белгородската област

Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз индустриската зона во Запорожје на југот на Украина и пристаништето Одеса, соопштија украинските власти.

Шефот на регионот Запорожје, Иван Федоров, на Телеграм напиша дека во нападот нема повредени, пренесува Укринформ.

Во Одеса имаше воздушен напад и екслозии, изјави шефот на регионалната администрација Олех Кипер.

Руската армија ја нападна и воздушната база во градот Конотоп во регионот Суми и 58-та украинска моторизирана пешадиска бригада. Во воздухопловната база се стационирани хеликоптери, а во близина се наоѓа и фабрика за ремонт на авиони.

Украинците, пак, со беспилотни летала ја нападнале руската погранична област Белгород, при што загинале две лица, објавија медиумите во Русија.

Спречен е напад со дронови во Смоленската област, а од делови на уништено беспилотно летало избувнал пожар во зградата на енергетскиот комплекс, изјави шефот на регионот Василиј Анохин.

Претходно во текот на ноќта, како последица на експлозија на дрон, оштетена е енергетската инфраструктура во областа Малојарославец во областа Калуга. /МИА

Сајкоски: Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница

Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница што ќе ја поврзува со Грција.

Почитувани граѓани на Битола,

Битола и битолчани ќе бидат во фокусот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За Битола се предвидени многу инфраструктурни проекти. Во новата програма „Платформа 1198“ за Битола е предвидено да се изгради обиколница што ќе ја поврзува со Грција. Предвидено е да се изгради автопат кој што ќе поврзува Битола со Прилеп, а исто така предвидено е да се изгради патот Градско-Прилеп, со тоа што Битола ќе биде поврзана инфраструктурно и ќе има добра можност за економски развој.

Исто така, предвидено е реконструкција и рехабилитација на патот Кичево-Охрид. Подобрување на патната инфраструктура кон Ресен.

Исто така, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидено е подобрување на железничката инфраструктура.

Со ова, на Битола ќе дадеме можност за економски раст и развој. Можност за подобра иднина на сите, и за младите и за возрасните.

Битола ќе го добие процутот онаков каков што треба да го има низ годините. Битола ќе биде економски центар во регионот.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5

Ковачки: Со Платформата 1198 ќе го развиваме истокот на Македонија

Изградба на Клиничката болница и обиколница во Штип како и поврзување со Струмица.

Полека се враќа ентузијазмот кај нашите граѓани, сите се приклучуваат на идејата за Твоја Македонија и сите ни се приклучуваат на ВМРО-ДПМНЕ.

Со Платформата 1198 планираме да го развиваме истокот на Република Македонија, планираме изградба на Клиничката болница во Штип, планираме обиколница околу нашиот Штип и секако планираме физибилити студија, изработка на проект за поврзување на Штип со Струмица.

Како што работи успешно нашиот градоначалник во Штип, така планираме да работиме и ние на централно ниво.

Ги повикувам сите граѓани масовно да ни се приклучат на 24 април да го дадат својот глас за број 2 за Гордана Силјановска Давкова да биде претседател на Македонија, а потоа на 8 мај за Христијан Мицкоски и во Изборна единица 3 да освоиме една голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија.

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

притисни ентер