НСДП одбележа 13 години од основањето

НСДП денеска во ресторантот „Национал", во Скопје, прослави 13 години од основањето и опстојувањето на македонската политичка сцена.

На прославата свое свечено обраќање пред членовите на партијата имаше претседателот Тито Петковски.

„Поминаа 13 години откако заедничи успеавме на партиската сцена да артикулираме една благородна политичка идеја која се темелеше на принципите на демократијата, слободната и еднаквоста, идеја која пркосеше на тогашните партиски структури во политичкиот живот на Македонија, кои својот легитимитет го втемелуваа на демократски дефицитарни процеси, на социјална стерилност, на уважување на тесни интереси на поедини моќни групи, а сето тоа на штета на јавниот интерес. Низ сите овие години поминавме низ многу премрежја, се соочивме со многу предизвици, тестови за нашата политичка созреаност. Но идеите на кои ја втемелевиме НСДП, ние дадоа политичка виталност да истраеме, да се бориме и да продолжиме да се бориме", рече Петковски пред членовите на партијата.

Претседателот на партијата Петковски истакна дека НСДП покажа дека моралот и вредностите нужно не мора да бидат конфликтни со политичкиткото дејствување, политичките успеси може да се градат и без подлегнување на искушенијата на апсолутната моќ на власта.

„Нашата заедничка судбина сакаше да не стави во вртлогот на еден од најтешките исторски периоди со кои се соочи Македонија, а тоа е борбата против режимот на претходната власт. Со години македонското општество беше разјадувано од една екстремна концентрација на политичка моќ и корупиција во еден центар, за кој демократијата и слободата беа најголемата закана. Во тој повеќегодишен мрачен период на политичката сцена, останавме на линијата која ја исцртавме уште при основањето на партијата, а тоа е негување на демократските вредности и нетолерантност за криминалот и корупцијата. Овие лесни мотиви ни дадоа сила и истрајност во патот кој го изодивме како опозиција на една отуѓена и ненародна власт. Успеваме да дадеме и свој белег во затворањето на тоа мрачно поглавје од созревањето на македонската држава. Активно партиципиравме во најзначајни процеси за идината на Македонија кои се отворија со објавувањето на т.н. „бомби". Соочувајќи ја јавноста со бруталноста и трулоста на претходната власт, македонското општество влезе во политичка катарза, за чие надминување од политичките партии беше потребно да покажат државотворен капацитет, визија за идните развојни линии на државата, и секако кадровски капацитет конкретно да се одогвори на овие политички моменти. Преземавме дел од одговорноста активно да се вклучиме во овие процеси, да дадеме придонес и белег во градењето на капацитетите на државата и нејзиниот одговор за надминување на напласнатите повеќедеценски проблеми кои ги оптеретуваат граѓаните на нашата држава.

", порача Петковски.

Осврнувајќи се на партиципирањето на НСДП во централната и локалната власт, Петковски нагласи дека партијата презема дел од одговорноста во водењето на државата во најзначајниот историски момент со кој се соочува.

„Во овој историски момент, а тргнувајќи од нашите цврсти определби Македонија да е земја на демократијата, владеењето на правото и социјалната благосостојба, а на кои истрајуваме веќе 13 години, нашиот избор и став е јасен, а тоа е да бидеме дел од демократскиот свет, да обезбедиме цврсти гаранции за подобар живот за идните генерации преку полноправно членство во ЕУ и НАТО", рече Петоквски.

Служба за односи со јавност на НСДП

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци

 Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, соопшти денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (СЕКО).

Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.

Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци.

„Вредноста на финансиските средства замрзнати во врска со санкциите против Русија изнесуваше 5,8 милијарди швајцарски франци на 31 декември 2023 година. Ова е за 1,7 милијарди швајцарски франци помалку од бројката пријавена за декември 2022 година. Покрај тоа, сега се блокирани 17 имоти во 7 кантони“ се вели во соопштението на СЕКО. /МИА

Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела

Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, денеска соопшти дека неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони „Рафал“.

„Со историски прелет од Бордо до Загреб, пилотите на хрватското воено воздухопловство, кои беа обучени Франција, в четврток ќе ги донесат моќните ловци и нови заштитници на хрватскиот воздушен простор“, напиша Анушиќ на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека модернизацијата на воздушната флота е најголемата инвестиција на Владата и Министерството за одбрана во безбедноста на државата.

Во 2021 година Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 999 милиони евра.

Првиот авион беше преземен во октомври минатата година во француската воена база во Мон де Марсан.

Во Франција на обука беа испратени околу 90 членови на техничкиот и летечкиот персонал. /МИА

Рикен нов генерален директор на Борусија Дортмунд

 Поранешниот германски фудбалер Ларс Рикен (47) е назначен за нов генерален директор на Борусија Дортмунд, соопшти бундеслигашот

Рикен речиси целата своја играчка кариера ја помина во Борусија Дортмунд, а од 2001 година е на чело на клупскиот тренинг центар. На новата должност ќе стапи на 1 мај.

Рикен доаѓа на местото на Ханс-Јоаким Вацке, кој претходно оваа сезона најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната.

„Уверен сум дека со неверојатната сила на овој клуб ќе оствариме големи победи“, порача Рикен.

Борусија Дортмунд во моментов е петтопласирана во Бундеслигата, а на почетокот на мај ќе игра против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. /МИА

притисни ентер