Фудбалер со откачени видеа бара подобри оценки од ФИФА19 (ВИДЕО)

39- годишниот фудбалер Кевин Елисон од англискиот четвртолигаш Моркомб бара подобри оценки од ФИФА 19.

Додека некои фудбалери тоа го прават преку социјалните мрежи , Елисон и неговиот клуб решиле преку видео да докажат дека се побрзџи отколку во оваа популарна видео игра.

Нивниот обид дда си ги подобрат оценките не е ништо ново. И многу познати фудбалски ѕвезди се жалат дека во играта на EA Sports се прикажани како слаби играчи.

Видеото на Елисон , во секој случај стана мега популарно и за помалку од еден месец е прегледано повеќе милиони пати.

Скопје домаќин на Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција

Претседателот на Европскиот шаховски сојуз г-дин Зураб Азмаипарашвили ги поздрави сите учесници и гости, укажувајќи на важноста на настаните како што се Европското првенство во шах. 

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено отворен со пригодна церемонијата во хотелот Хилтон, во Скопје.

Претседателот на Европскиот шаховски сојуз г-дин Зураб Азмаипарашвили ги поздрави сите учесници и гости, укажувајќи на важноста на настаните како што се Европското првенство во шах. Тој им посака на сите играчи фер игра и добри резултати и го прогласи шампионатот официјално отворен.

Претседателот на шаховската федерација на Северна Македонија, Благоја Богоевски, им се обрати на присутните и им се заблагодари на Владата и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија,  менаџментот на Хилтон и Европската шаховска унија за организација на Првенство.

Претседателот на Европскиот шаховски сојуз г-дин Зураб Азмаипарашвили му додели на директорот на Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија, Дарко Кaевски почесна плакета како симбол на благодарност за поддршка на настанот.

Г-дин Дарко Кaевски  не го криеше своето задоволство и истакна дека е многу среќен што во моментов во Скопје е во тек еден од најпрестижните шаховски настани ширум Европа  им се заблагодари на организаторите а посебно на Претседателот на шаховската федерација на Северна Македонија, Благоја Богоевски за целокупниот ангажман а исто така и на Европскиот шаховски сојуз.

Техничкиот состанок на настанот се одржа по церемонијата на отворање во салата за игра.

На состанокот претседаваше главниот арбитер, г-дин Ашот Вардапетјан, началникот на Апелациониот комитет, г. Адријан Михалчишин, и началникот на организациониот одбор, г. Благоја Богоевски. Распоредот и правилата на натпреварот беа објаснети на учесниците.

Првиот круг започнува денес во 15:00 часот по локално време, а емитувањето во живо на првите 50 одбори е достапно на официјалната веб-страна на шампионатот.

Видео: Ново ремек-дело на „волшебникот “Лео

Најдобриот светски фудбалер, Аргентинецот Лионел Меси одигра уште еден маестрален натпревар во дресот на шпанскиот шампион Барселона.

Меси имаше свое гол шоу на гостувањето во Севилја кај Бетис и со уште еден хет-трик обезбеди нова убедлива победа на Барселона, Бетис беше декласиран со 4-1.

Сите три гола на Меси беа приказни сами за себе, но сепак третиот беше гол што долго ќе се памети.

Волшебникот Лео по третиот гол во мрежата на Бестис доби овации од полните трибини.

Вознемирувачки сцени од Неапол – голманот на Наполи заврши во болница (ФОТО)

Наполи славеше на свој терен од серијата А по месец и пол пауза.

Наполи славеше победа против Удинезе , но победата и резултатот паднаа во втор план по драматичната сцена на теренот. Голманот на Наполи во четвртата минута доби удар во глава од напаѓачот на Удинезе, Игнацио Пусети.

Голманот Давид Оспина , откако му ја врзаа главата , продолжи да го брани голот на Наполи. Но , во 40. минута од натпреварот наеднаш падна во несвест.

Неколку моменти лежеше неподвижно на теренот , додека другите играчи не увидоа дека нешто страшно се случува и повикаа помош.

Оспина на носилки беше изнесен од теренот и однесен во болница , а медиумите наведуваат дека во моментов е буден и е во стабилна состојба.

притисни ентер