Премиерот Заев на средбата со командантот на Јужното крило на НАТО, адмирал Фого

Секоја посета на највисоки политички и воени претставници на НАТО е знак за силна поддршка за нашата земја, рече премиерот Заев на средбата со адмирал Фого.  

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска прими делегација на Јужното крило за здружените сили на НАТО, предводена од командантот на оваа формација на алијансата, адмирал Џејмс Фого, кои беа придружувани и од делегација на Канцеларијата на НАТО во нашата земја.

Премиерот Заев на средбата истакна дека посетата на делегацијата на Јужното крило за здружените сили на НАТО, предводена од Командантот, адмирал Фого, е уште едно значајно признание и охрабрување за нашата земја во еден исклучително значаен период, кога процесот за уставните измени влегува во завршница и кога успешниот епилог на процесот ќе ја активира постапката за потпишување на Протоколот за пристапување на Република Македонија во членство во алијансата.

За време на средбата Претседателот на Владата на РМ Заев го информираше адмирал Фого и членовите на делегацијата на НАТО за актуелните реформски процеси во земјата како неопходни за прилагодување кон стандардите на ЕУ и особено на НАТО, особено во изминатата година.

Премиерот Заев истакна дека граѓаните на нашата земја, како знак на поддршка ги прифатија двете посети на Генералниот Секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како и посетата на Командантот на Врховната команда на НАТО и Командант на американските сили во Европа, генералот Куртис Скапароти, како посети на највисоките политички и воени претставници на НАТО.

„Тоа за нас е мотивација да продолжиме со целосна посветеност на нашите реформи, како и на нашето учество во мисиите на НАТО, кои, истовремено се драгоцено искуство за нашата земја и за нашата армија уште во оваа фаза до полноправното членство во сојузот“, рече Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев.

Премиерот Заев потоа зборуваше и за силниот поттик што овој процес го прави на економијата и на вкупниот општествен развој на земјата од фактот што најавената успешна завршница на аспирациите за членство во НАТО, создаде доверба дека земјата обезбедува мир и безбедност, како основна претпоставка за сигурност и за просперитет за граѓаните на Република Македонија.

Адмиралот Фого, од своја страна и во име на НАТО, изрази силна поддршка за постигнатото и оддаде искрено признание за капацитетите и за мотивацијата на припадниците на АРМ во мисиите на НАТО, и изрази уверување дека припадниците на македонската армија, учесници во овие мисии, ќе се вратат побогати со искуство кое потоа ќе можат да им го пренесат и на своите колеги во армијата.

Адмирал Фого ја поздрави и одлуката на Владата на РМ и на Министерството за одбрана полигонот Криволак да биде ставен на користење за потребите на НАТО и ги нагласи цивилните и економски придобивки што земјите членки и сојузници на алијансата ги стекнуваат од меѓусебната соработка

Командантот на Јужното крило за здружените сили на НАТО, адмирал Џејмс Фого, ја истакна и улогата што Република Македонија ја има во регионот во еден чувствителен период, особено со позитивниот пример за решавање на меѓусоседски прашања како што беше прашањето за името со Република Грција, и додаде дека со членството на нашата земја во НАТО, алијансата добива уште еден партнер во мисијата за одржување на рамнотежата и мирот во светот.

Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари)

После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари.

Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности.

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари.

Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика

Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче

Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.

Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер