Груевски снимен во Будимпешта, ги избегна новинарските прашања

Обвинителката Вилма Русковска соопшти и дека привршува истрагата за бегството на Груевски во Унгарија.Првичните резултати ќе бидат познати за две недели.

Во меѓувреме, се појавија и првите снимки од животот на експремиерот во Будимпешта..

Здраво господине Груевски. Јас сум Балин Барди од унгарскиот весник 24.

Како излеговте од Македонија ?

Дали унгарците Ви помогнаа ?

Господине Груевски, дали унгарците Ви помогнаа ?

Унгарскиот новианр не доби одговор.

Но, првата видеоснимка на екс премиерот открива многу. Груевски е снимен во ресторан, како руча со најмалку две непознати лица, што укажува на тоа дека тој води лагоден живот и има сопствен возач. По излегувањето ги избегна прашањата на новинарот и влезе во Volkswagen Sharan, со затемнети стакла и унгарски регистарски таблички.

Дека Груевски веќе се одомаќинил во Будимпешта укажува и фотографијата која вчера беше објавена, на која се гледа како тој шета низ престолнината на Унгарија. Оваа фотографија го актуелизираше прашањето како побегнал и дали ќе биде екстрадиран во државава. По еден месец за истражните органи се уште не е познато како Груевски излегол од неговата зграда и во кој период. Од Обвинителството за организиран криминал и корупција велат дека за две недели ќе излезат со соопштение околу досегашните истражни дејствија.

Фотографијата предизивка насмевки кај шефот на обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска и министерката за правда Рената Дескоска. На прашање дали на распит ќе биде повикан и советникот во ВМРО-ДПМНЕ Александар Трајковски кој се гледа како се движи зад Груевски, обвинителката Рускоска одговори дека во обвинителството ќе бидат повикани сите за кои сметаат дека може да дадат информации за бегството на екс премиерот. Досега , вели биле сослушани лицата од неговото обезбедување.

“Се уште е предистражна постапка, добив информација од колегите од Црна Гора, дека ги прибрале сите снимки кои ни се потребни. Можеби понеделник вторник ќе одиме да ги преземеме. Колегата вчера ургираше во Албанија, да ни се достави побргу тоа што го имаат. Прегледувањето на снимките кои веќе ги имаме е веќе при крај, така да очекуваме негде во наредните две недели да излеземе соопштение до деталите до тогаш што ги имаме од предистражната постапка. “ вели Рускоска.

Министерката за правда , пак, се уште чека повратни информации од Будимпешта околу екстрадицијата на Груевски. Додека портпаролот на унгарската Влада Золтан Ковач на пресконференција во Брисел и денеска повтори дека сите процедури околу азилот на експремиерот се во согласност со меѓународното право и правила.

“Ја видов фотографијата, мислам дека нема човек во Македнија што следи медиум и што не ја видел. Со оглед на пракасата досегашна и роковоите, ние се уште немаме добиено ништо од Унгарија во поглед на нашето барање за екстрадиција. Сепак оние пристојни рокови не се изминати. Ќе чекаме одреден временски период , и после тоа ако не добиеме ќе испратиме ургенција. Досега немаме испратено но тоа е во рамките на роковите. “ вели Дескоска.

“ТЕ ФАТИВ” ! Избеганиот поранешен македонски премиер Никола Груевски забележан во Будимпешта. “ пишува на фотографијата која вчера околу 9 часот наутро, ја објави дописникот на Гардијан од Унгарија Даниеле Ноланд на социјалната мрежа Твитер,а потоа инстантно се рашири насекаде.

На фотографијата се гледа како Груевски се шета во центарот на Будимпешта, а таа е направена меѓу улиците “Кирали” и “Анкер Коз”.

Канал 5 уште вчера го констактираше Ноланд кој не сакаше да открие кој фотографирал, но ја потврди информацијата дека другото лице на фотографијата е Александар Трајковски , кој инаку, е еден од обвинетите во предметот на СЈО за “Насилството во општина Центар”. Тој беше и еден од говорниците на протестите пред Кривичниот суд , каде се бараше правда за Груевски.

Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај

Подводниот визуелен спектакл „Мермејд опен“ (Mermaid Open), познат и како Меѓународен натпревар за сирени во Шангај, Кина се одржа минатиот викенд. На него учествуваа стотина спортисти од Кина, Јужна Кореја и Казахстан.

Беа прикажани уметнички нуркачки вештини во неколку дисциплини, а натпреварувачките и натпреварувачите се оценувани во неколку категории.

Натпреварот се одржа во базен со 7.500 кубни метри вода и околу 50.000 риби во него, a двајца од јужна Кина се прогласени за шампиони - во женска и машка конкуренција, пишува „Шангај дејли“. Натпреварите со сирени станаа многу популарни во Кина последниве години, а за да го поттикне овој спорт, Океанскиот парк „Хајчанг“ во Шангај планира да организира серија настани и за претстојните празници во мај.

Видео: Атина „проголтана“ од сахарска прашина, градот обоен во портокалово

Атина и јужните делови на земјата вчера беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.

Облаците од прашина, пренесени преку Средоземното море од северна Африка, го обвија акропол и другите знаменитости на Атина.. Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews. Метеоролозите најавуваа дека небото ќе се расчисти денеска поради промената на правецот на ветерот, поради што ќе паднат и температурите.

Кулеба ги пофали американските политичари за одобрувањето на пакетот воена помош за Украина

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба со ентузијазам ги пофали американските политичари за одобрувањето на долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари за Украина, но предупреди дека новите испораки нема веднаш да го свртат бранот на војната.

„Алелуја“, изјави Кулеба во интервју за „Гардијан“ на прашањето за реакцијата на вчерашното конечно гласање на американскиот Сенат. Тој рече дека „неговото верување е дека ќе има позитивен исход“, но Западот мора „да сфати дека ерата на мирот во Европа е завршена“ и да ја изгради својата одбранбена индустрија.

Говорејќи за „Гардијам“, Кулеба рече дека се надева оти Белата куќа ќе го претстави новиот пакет оружје „за неколку дена, можеби и часови“ и дека е „само прашање на логистика“ залихите да се префрлат на фронтот.

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Кулеба, исто така, рече дека Украина идентификувала седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ кои би можела да ги користи за заштита на цивилите во поголемите градови надвор од Киев. Еден е добиен од Германија, уште четири се лоцирани и преговорите се во тек, рече Кулеба, а на повидок се уште два. /МИА

притисни ентер