Момче со Даунов синдром направи милионски бизнис (ВИДЕО)

Момчето со Даунов синдром од САД разви бизнис вреден повеќе милиони и за своите 22 години им даде надеж на милиони со слични проблеми како неговите.

Џон Кронин почна производство на чорапи со неверојатни боим и облици , кои им се допаѓаат на сите и станаа моден хит. Тој го води бизнисот од мало складиште во Мелвил , преградие на Њујорк. Неговите чорапи имаат најразлични бои и принтови , како на пример во облик на авокадо , со ликот на канадскиот премиер Жастин Тридо , со еготични животни како мрзливци , со принтови од познати уметнички дела и уште стотици други.

Производите се брендирани под името ,,John's Crazy Socks” (Лудите чорапи на Џон). Момчето полнало да ја развива идејата по завршувањето на средното училиште во 2016, откако се разочарал зашто немало доволно работни позиции за лица со Даунов синдром.

Токму на денот на лицата со Даунов синдром , на 21 февруари пред две години имало манифестација на чорапи со луди бои. Момчето со таткото се обиделе да си купат такви чорапи за да отидат на манифестацијата , но немало . Така се родила идејата самите да ги произведуваат.

Денеска неговата компанија изработува 2 000 вида чорапи и има 20 дистрибутери. Пет проценти од заработувачката донира за Специјалната Олимпијада , како и 2 долари од секој чорап со мотив , кој ја подигнува свеста за Дауновиот синдром.

Од вкупно 36 вработени , половината се лица со посебни потреби. Годинава се очекува компанијата да има приход од 6 милиони долари.

Меѓу познатите кои ги несат чорапите на Џон се поранешниот претседател Џорџ Буш и актерката Ева Лонгрија.

,, Јас имам Даунов синдром , но тој не ме спречува во животот.” , вели Џон , кого вработените го нарекуваат ,,главен директор за среќа”.

Блинкен тешко ја обвини Кина

Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја критикуваше поддршката на Кина за руската одбранбена индустрија на италијанскиот остров Капри, велејќи дека Пекинг во моментов е главен снабдувач на Москва со клучни компоненти за оружје.

Тој рече дека акциите додаваат масло на „најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна“.

Говорејќи на прес-конференцијата по повод крајот на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 на италијанскиот остров Капри, Блинкен рече дека Вашингтон многу јасно му ставил до знаење на Пекинг и на другите дека не треба да им помагаат на руските воени напори во Украина.

„Кога станува збор за руската одбранбена индустрија, главниот придонесувач во моментов е Кина. Имаме индикации дека Кина испраќа машински алати, полупроводници и други предмети со двојна употреба за да ѝ помогне на Русија да ги обнови своите одбранбени индустриски залихи“, рече Блинкен. .

„Кина не може да ги има и двете. Не може да си го дозволи тоа. Сакате да имате позитивни и пријателски односи со земјите во Европа, а во исто време ја промовирате најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна “, рече Блинкен.

САД ја предупредуваат Кина да не ги помага воените напори на Москва по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, која дојде само неколку недели откако Русија и Кина прогласија „партнерство без ограничувања“.

Самата германска министерка за надворешни работи Аналена Баербок изрази загриженост за прашањата што ги покрена Блинкен.

„Доколку Кина отворено продолжи со уште посилно партнерство со Русија, која води нелегална војна против Украина, ние нема да можеме да го прифатиме тоа“, рече Баербок по средбата со нејзините колеги од Г7 во Капри.

Американските власти минатата недела ги информираа новинарите за материјалите што Кина ѝ ги доставува на Русија, вклучувајќи беспилотни летала и ракетна технологија, сателитски снимки и машински алати, кои не се смртоносно оружје, но ѝ помагаат на Русија да ја обнови воената опрема за да ја одржи својата двегодишна војна во Украина.

Портпаролот на кинеската амбасада рече дека Кина не е актер во украинската криза и не треба да се меша или ограничува слободната трговија меѓу Кина и Русија.

Претседателот Џо Бајден го покрена ова прашање со кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор претходно овој месец, по што американските официјални лица изјавија дека Блинкен ќе отпатува во Кина во наредните недели.

Деталите за патувањето на Блинкен се уште не се објавени.

Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска беше меѓу жителите на општината Чучер-Сандево.

Заблагодарувајќи им се што одлучиле попладнето да го поминат со него, Пендаровски рече дека на 8 мај е загарантирана двојната победа.

„100% победуваме. На 8 мај ќе славиме за двојната победа за сите нас и за Македонија", истакна Пендаровски.

Говорејќи за досегашната работа на актуелната политичка гарнитура, Пендаровски го истакна членството во НАТО, како најголема организација која ја гарантира безбедноста и стабилноста на сите членки без исклучок. „Без пријатели, мала земја како нашата, тешко може да опстане“ потенцираше Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање на 24 април, да заокружат број 1 и да добијат гаранција за подобра иднина на нивните деца и на нивните внуци, соопштуваат од тимот на Пендаровски.

Салма Хаек со поќерката ги привлече сите погледи во Венеција (ФОТО)

Салма Хаек и нејзината 23-годишна поќерка Матилда Пино привлекоа внимание на гала вечерта во Венеција, каде се појавија во елегантно издание.

57-годишната актерка пристигна во долг син фустан со светки, додека Матилда носеше сребрен фустан. Со нив бил и Франсоа-Анри Пино, сопругот на Салма и татко на Матилда.

Актерката е во брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пино од 2009 година. Салма ја има ќерката Валентина Палома со Пино. Бизнисменот од врската со Линда Евангелиста го има синот Аугустин Џејмс, а од првиот брак со Дороте Лепер ја има ќерката Матилда и синот Франсоа.

Од почетокот на врската со Пино, Салма развива добри односи со неговите деца. Таа неколку пати објавуваше заеднички фотографии.

притисни ентер