НАСА откри траги од вода на астероидот Бену

Леталото на НАСА OSIRIS-REx, кое неодамна му се приближи на астероидот Бену , собра исклучително интересни податоци од почетоците на Сончевиот систем.

Вселенското летало патуваше две години и помина 2,2 милиони километри и му се приближи на астероидот , така што последните неколку месеци прибира податоци со помош на инструментите. Користејќи два спектрометри , забележа во минералите на глина на Бену хемиско соединение хидроксил , кое содржи атом на кислород врзан преку ковалентна врска со атом на водород.

Од таму научниците сметаат дека тој тип на молекул е присутен ан целиот астероид , што би значело дека во одреден период астероидот Бену бил во контакт со вода. Бил во контакт , зашто Бену е премногу малечок , со дијаметар од 500 километри , за на него да се задржи вода .

Научниците затоа сметаат дека бил дел од многу поголем астероид на кој имало вода во течна состојба. OSIRIS-REx би требало на 31 јануари да влезе во орбитата на астероидот , од кого сега е оддалечен само 7 километри , за да се задржи таму до средината на февруари.

Иако е мал астероид Бену многу полека се движи , околу својата оска се врти за 43 часа , што ќе му овозможи на леталото подобро да го испита , по што ќе тргне на двегодишно патување назад кон Земјата.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со школки

Во среда (27.03.2024) во емисијата гостин ни беше Катерина Танева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче шпагети

2 пакетчиња школки

2 конзерви пасиран домат

1 главица лук

1 лимон

бибер, сув зачин, сол по потреба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Парламентот на Индонезија денеска одлучи дека поранешната метропола Џакарта ќе остане економски центар на земјата, како дел од планот за преместување на главниот град на островот Борнео.

Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната, Џакарта чија надморска височина е се попониска, во Нусантара, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан на Борнео.

Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.

Според новиот закон од 18 март, ќе се формира совет за „агломерација“ за да ги координира развојните планови меѓу Џакарта и нејзините сателитски градови.

Министерот за внатрешни работи Тито Карнавијан по дебатата во парламентот рече дека Џакарта сè уште ќе треба да се развива понатаму за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата ќе се пресели во Нусантара.

- Откако ќе престане да биде главен град, Џакарта сепак мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП на земјата, рече тој.

Според сегашните правила, Џакарта ќе остане главен град на Индонезија додека претседателот не издаде декрет за официјално именување на Нусантара за нов главен град, кој е планиран за оваа година.

Се очекува владата годинава да одржи церемонија на Денот на независноста на 17 август во Нусантара, а до крајот на оваа година е планирано преместување на илјадници државни службеници.

Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата

 Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, додека цените на златото и пченицата паѓаат.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот порасна на 18.492,46 поени, лондонски FTSE 100 на 7.957,12 поени, францускиот CAC 40 на 8.225,07 поени, а московскиот MOEX на 3.308,14 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс се искачи на 39.760,08 поени, индексот S&P 500 на 5.248,49 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.399,52 поени.

Според податоците од берзите, цената на суровата нафта се искачи на 81.768 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.756 долари.

Европските фјучерси на гас на отворањето на берзата ТТФ се продаваа по цена од 27.435 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.192,16 долари за унца (една унца е 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4668 долари за бушел (еден бушел е 27,216 килограми).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07974, што е за 0,26 отсто помалку од вчера.

притисни ентер