Дали навистина е решена најголемата мистерија на вселената?

Научниците од Универзитетот во Оксфорд најверојатно ја открија најголемата тајна во современата физика- проблемот на темната материја.

Во своите најнови истражувања , научниците претставија теорија која ги обединува темната материја и темната енергија во еден феномен , флуид кој има негативна маса. Според таа теорија , доколку ја бутнеме негативната маса , таа би требало да се забрза кон нас. На обичните луѓе не им се многу познати овие феномени , но научниците ги следат зашто влијаат врз промените во вселената.

Моделот на професорот Џејми Фарнес воведува нов фактор, тензор на создавање, што овозможува негативната материја да се обновува со текот на времето , односно континуирано да се создава. Според тој модел , флуидот не губи од својата густина за време на ширењето на вселената , иако константно испушта негативна маса.

Приведени крадци во Битола

 Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода битолчаните К.Б.(30) и Н.Б.(41) поради тешки кражби.

- При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција

Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се истакнува дека помеѓу приведените е изаменик-директор на косовската полиција, кој е задржан.

Тие се приведени при контрола на премините, поради безбедносни проверки, прецизира српското МВР.

Ди Каприо како Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе.

Проектот е во рана претпродукција.

Улогата на Ава Гарднер, според првичните наводи, ќе ѝ припадне на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо глумеше на филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up) којшто беше номиниран за неколку „Оскари“.

притисни ентер