Свечена академија по повод патрониот празник на Охрид

Централната манифестација во рамки на чествувањата по повод патрониот празник на Охрид, 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во хотелот „Инекс Горица".

 Традиционално на Свечената академија  по повод празникот ќе бидат врачени највисоките општински признанија – наградата и повелбата „Св. Климент Охридски – патрон на Охрид". За 2018 година наградата му е доделена на писателот Видое Видически, додека повелбата оди во рацете на младиот пливачки херој Марко Пејчиноски.

На свеченоста свое обраќање ќе има градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, а целата манифестација ќе биде пренесувана во живо преку Интернет.

Инаку, во рамки на тридневните свечености по повод патрониот празник за денеска на пладне во Големата сала на општина Охрид е предвидена промоција на книгата „Дојди во Охрид"- антологија на песни за Охрид од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски. Во 18 часот во Куќата на Уранија ќе биде отворена изложба на фотографии: „По трагите на светите Кирил и Методиј".

Чествувањата на патрониот празник продолжуваат и утре на самиот Ден на Свети Климент Охридски, со поклонување пред моштите на светецот во неговиот храм на Плаошник и положување цвеќе пред споменикот на Градскиот плоштад. Свеченостите ќе бидат заокружени со промоција на книгата  „Охридска писменост" од проф. д-р Димитар Пандев и отворањето на нова етнолошка поставка на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид". 

Тереза Меј го преживеа гласањето доверба

Британската премиерка Тереза Меј ја доби довербата на сопартијаците и останува на позицијата .

Со 200 гласа за и 117 против британската премиерка Тереза Меј го преживеа гласањето доверба во нејзината партија. 

Таа останува на чело на владејачката Конзервативна партија и местото премиер со тоа што најмалку една година ќе нема можност за повторнио изгласување доверба. На гласањето вечерва гласаа сите 317 пратеници .

Сепак големиот број противници на Брегзитот ја ставаат Меј во тешка ситуација , со тоа што ќе треба да го спроведе контроверзниот договор , за кој нема согласност во Парламентот.

Владата го усвои финалниот текст на предлог амандманите

Владата на денешната седница го усвои финалниот текст на предлог амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот и го достави до Собранието.

Како резултат на јавната расправа,  најголеми измени има во текстот на амандманот 36 со кој се изменува и дополнува членот 49 од уставот.. Тој сега гласи:   

-Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на Македонскиот народ;

– Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство;

– Републиката се грижи за дијаспората на Македонскиот народ и на другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината;

– Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Финалниот текст на предлог амандманите, како и образложението за истите се достапни на веб страницата на Владата.Трета и финална фаза за нивно усвојување ќе започне во понделник, а треба да финишира на 15 јунуари..

Меркел : Нема да и попуштиме на Британија за Брегзитот

Германската канцеларка Ангела Меркел исклучи можност за промена на договорот за Брегзит на самитот на ЕУ.

,,Ние немаме намера да го менуваме договорот за излегување на Британија од Европската Унија.” , одговори Меркел на прашање на пратеник од Бундестагот. Таа вели дека се уште се надева дека ќе има регуларно излегување на Британија од ЕУ.

Меркел на седницата на Бундестагот на пратенички прашања поврзџани со Самитот на ЕУ , рече и дека во тек се подготовките во случај Британија да не го прифати договорот и да ја напушти ЕУ без план.

И од Брисел порачаа дека без оглед на развојот на настаните во Британија веќе нема да постои можност за отстапки.

притисни ентер