Заљубената двојка два месеци потоа склопи и граѓански брак во БелградСе шпекулираше дека на свадбената веселба во Белград имало околу 600 гости, а церемонијалната венчавка била наречена „Мојата српска венчавка“.
Сепак 46 годишната Северина и синот на популарниот српски пејач Кеба, Игор имале и „скромна“ трета церемонија.
До денеска медиумите не можат да откријат како во 2016 година Игор и Севе имале и „африканска“ венчавка на Занзибар во Танзанија.

-Ова е мојата африканска венчаница, им се пофалила Северина на своите фанови на социјалните мрежи.


Госпоѓа Којиќ за време на церемонијата во Занзибар носела лила фустан и букет цвеќе , а ја следеле три припаднички на племето Масаи додека го чекала Игор.

Атрактивната Севе покрај обврските со свадбата на Занзибар имала време и за прошетка на плажа.