И покрај тоа што француската влада се откажа од зголемување на данокот на горивата , ќе продолжат протестите на ,,Жолтите елеци” .
Француската фудбалска лига објави денеска дека ги одложува натпреварите од 17 коло на првенството меѓу Монако- Ница, Сент Етјен – Марсеј , кои треба да се одиграат утре и во недела , како и претходно откажаните ПСЖ- Монпелие и Тулиз- Лион , кои требаа да се одиграат во сабота.
,, Секретаријатот за натпревари на лигата подоцна ќе ги одреди термините за одржување на одложените натпревари од 17 коло” , се наведува во соопштението на Француската фудбалска лига.
Во него директно не се наведува дека причина се протестите. Француските медиуми пишуваат дека најверојатно постои страв дека бројот на полицајци , кои ќе бидат ангажирани на натпреварите би бил премал со оглед на фактот на големиот број , кој ќе биде со демонстрантите.