Хали Бери и во шестата деценија сите ги остава без здив(ФОТО)

Актерката Хали Бери ги остави сите без здив на црвениот тепих на претставувањето на календарот на Пирели за 2019 во Милано.

52 – годишната убавица, која во речиси 30 годишната кариера не направила ниеден гаф на црвениот тепих , се најде во средиштето на вниманието во Милано. таа се појави во фустан со опасно длабоко деколте и со тантели од норвешката модна куќа Aadnevik.

Не помина незабележан ниту високиот шлиц на фустанот во пастелни бои , кој ги истакна нејзините совршени нозе.

Критичарите и публиката уште еднаш го појавија стајлингот на актерката . Особено се истакнуваше и природната шминка , која и даде природен и младешки изглед , така што Хали воопшто не наликуваше дека е влезена во шестата деценија од животот.

Лицата со посебни потреби бараат поголема грижа од државата

Граѓанската иницијатива „5 до 12“, одбележа две години од првиот камп со кој преку граѓански активизам се бореа за унапредување на правата на лицата со посебни потреби.

Со кренати два прста во знак за мир лицата со попреченост и нивните родители повторно се собраа да ги потсетат институциите дека се уште не се вложуваат доволно напори за да бидат рамноправни во општеството.

Иако храбро им пркосат на секојдневните предизвици, сепак нивните најблиски со тешки маки се обидуваат да им удостојат нормален живот. Точно две години откако иницијативата „5 до 12“ за прв пат постави шатори пред Собранието во знак на револт, посочија дека се уште недостасуваат реформи и цврсти закони со кои ќе им се загарантираат правата на овие лица.

„После изборите ќе се отвори центарот за Даунов синдром во Скопје, таков центар досега немаше, тоа е позитивно. Се надеваме понатаму дека, и во светски рамки и научно е докажано дека во пракса најмногу помагаат рехабилитациски центри. Во земјава имаме дневни центри, меѓутоа треба рехабилитација.“

Од 2015 функционира и центар за аутизам кој згрижува 25 лица, а благодарение на иницијативата „5 до 12“ ќе се отвори и полигон за над 3500 лица со оштетен вид. Сепак, велат, во земјава не треба да се занемарат и помалку присутните ретки болести, а од институциите особено побараа да бидат што подостапни и лекарствата за ваквите болести.

„Јавно го повикувам министерството за здравство, конкретно за неодамнешниот проблем за терапијата за децата со остогилизис имперфекта, да кажам дека навистина ми е жал што се уште не е изнајдено решение и апелирам дека 30 деца не треба да бидат занемарени.“

Сепак, борбата не запира тука. Сите родители, обединети во различни градови во земјава, и понатаму ќе го креваат својот глас за да ги потсетат институциите дека правата на децата со посебни потреби се нивна обврска.

Близнакот Андреа роден два месеци по својот брат Алесандро

Две машки бебиња, близнаци родени се со два месеци разлика во место близу Милано..

Алесандро е роден на 24 декември, а братот Андреа на 22 февруари, што е исклучително ретка појава.

Четириесетгодишната мајка морала итно да биде хоспитализирана во декември 2018 и тогаш се родил Алесандро, роден во 24. недела од бременоста со само 800 грама. Благодарејќи на медицинскиот тим, постелката останала цела, па братот близнак продолжил да се развива во утробата на мајка си.

Од медицинска гледна точка тоа било исклучително сложена бременост со среќен крај, кога со 33 недели е роден Андреа со тежина од три килограми.

УНЕСКО: Нотр Дам не мора да биде ист како што беше!

Обновата на катедралата Нотр Дам мора да ги заштити универзалните вредности на тоа место, но тоа не значи дека црквата во Париз стара повеќе од 850 години, мора да биде реконструирана иста као што била.

Ова го соопштила делегацијата на УНЕСКО по состанокот со францускиот претседател Емануел Маркрон.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на Макрон, претставниците на УНЕСКо навеле дека се подготвени да помогнат во обновата на Нотр Дам, нарочито во давањето на техничка екпертиза, пренесе АП.

Генералната директорка на УНЕСКО Одри Азули изјавила дека мора да се почитува „Интегритететот и автентичноста “ на споменикот бидејќи тој е дел од светското културно наследство, но и дека тоа не значи дека црквата мора да остане непроменета“, информира АП.

Унеско, според наводите формално го признава правото на секоја генерација да учествува во наследството на човештвото, меѓудругото и со прилагодување на природните и историските процеси на промена со новите можности кои ги нуди напредната технологија.

притисни ентер