Босанската полиција како во скеч се пресметува со мигрантите (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео во кое се гледа како двајца полицајци во БиХ се справуваат во мигранти , кои упаднале во приватна куќа и таму престојувале.

Полицајците затекнале двајца мигранти во соба додека спијат и ги разбудиле. Откако виделе дека мигрантите тешко се будат , полицајците со удар во нозете се обиделе да ги разбидат.

,, Ајде станувај , Aufstehen, станувај болан , мајка ти родила. Та како да си дома.” Видеото предизвика потсмешливи коментари на социјалните мрежи ,

Додека на теренот состојбата е далеку посериозна. БиХ стана транзитна земја низ која минуваат илјадници мигранти , кои се обидуваат да се пробијат до Хрватска.

И покрај лошите временски услови , стуфот и снегот , голем број од нив успеваат да стигнат до крајната цел,  Германија.

Земјотрес во Мостар -Се тресеа врати и прозорци

Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер попладнево во 17.25 часа го стресе Мостар.

Земјотресот е почуствуван во Херцеговина и во дел од Далмација. Во епицентасрот земјотресот бил со јачина од 3,2 степени по Рихтер . Длабочината на потресот бил на пет километри.

Освен мала материјална штета и вознемиреност кај жителите , земјотресот не предизвикал други проблеми.

Нови проекции на Европскиот Парламент:EПП има 46 места помалку

Според новите проекции на идниот состав на ЕП , Европската наросдна партија останува најсилна политичка сила , но со 46 мандати помалку .

Социјалиситите се на второто место со 40 мандати помалку отколку во досегашниот состав. Така , ЕПП добива 170 места , а Социјалдемократите ќе имаат 147 места .

Либералите заедно со листата на францускиот претседател Макрон има 103 места. Коалицијата Европа, нација и слобода во која е Лига на Матео салвини има 71 место , односно 35 мандати повеќе .

Европските конзервативци и реформатори имаат 59 места , односно 18 мандати помалку. Досегашниот пратенилчки клуб Европа за слободна и директна демократија во која е антисемитското движење Пет ѕвезди и партијата Брегзит на Најџел Фараж има 48 места, шест повеќе од досега.

Обединетата европска левица доби 46 места или шест помалку.

Вебер : Ќе донесам стабилност во Европа

Кандидатот за претседател на Европската Комисија , Манфред Вебер , вечерва вети дека ќе донесе стабилност во Европската Унија.

Вебер вети ставилност во ЕУ и оцени дека проевропските сили ќе го предводат новиот состав на Европскиот Парламент.

Кандидатот за претседател на Европската Комисја од редовите на најмногубројната Европска Народна партија рече и дека на овие избори ослабна политичкиот центар.

притисни ентер