Нови апарати доби Клиничката болница во Штип

Нов видео-ендоскоп за гастроскопија и колоноскопија во Клиничката болница во Штип, вреден 100 илјади евра, промовираа денеска министерот за здравство Венко Филипче и директорот на таа јавна здравствена установа Ален Ѓеорѓијев.

Овој современ апарат го набави Министерството за здравство, а е наменет за пациентите од Штип и околните места. Покрај ендоскопот, во болницата има 10 нови кревети со пациентмонитори и инфузомати и перфузори во коронарната единица, но и нова центрифуга машина во Клиничката лабораторија. Набавен е нов екстензионен стол за ортопедски и трауматолошки операции.

– Пред некој ден се изведе една спинална операција. Тоа е операција на ‘рбетниот столб. Тие интервенции почнаа уште пред некое време, но по повеќемесечна пауза сега повторно почнаа да работат лекарите и тоа на нов и специјален ортопедски стол, кој овозможува соодветно позиционирање на пациентите и со тоа практично аплицирање методи кои досега не се применети во оваа болница, рече Филипче.

Директорот Ѓеорѓијев истакна дека првпат после 50 години, болницата доби нови машини за перење и сушење на алишта.

Филипче потенцира дека на средбата со Ѓеорѓиев разговарале и за дисперзирањето на лекарите специјалисти од Штипската клиничка болница во други здравствени домови во регионот, каде недостигаат, со цел пациентите да не патуваат од еден до груд град.

Клиничката болница во Штип е голем регионален медицински центар и ги опслужува пациентите од речиси целиот регион од Источна Македонија. 

Земјотрес во Мостар -Се тресеа врати и прозорци

Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер попладнево во 17.25 часа го стресе Мостар.

Земјотресот е почуствуван во Херцеговина и во дел од Далмација. Во епицентасрот земјотресот бил со јачина од 3,2 степени по Рихтер . Длабочината на потресот бил на пет километри.

Освен мала материјална штета и вознемиреност кај жителите , земјотресот не предизвикал други проблеми.

Нови проекции на Европскиот Парламент:EПП има 46 места помалку

Според новите проекции на идниот состав на ЕП , Европската наросдна партија останува најсилна политичка сила , но со 46 мандати помалку .

Социјалиситите се на второто место со 40 мандати помалку отколку во досегашниот состав. Така , ЕПП добива 170 места , а Социјалдемократите ќе имаат 147 места .

Либералите заедно со листата на францускиот претседател Макрон има 103 места. Коалицијата Европа, нација и слобода во која е Лига на Матео салвини има 71 место , односно 35 мандати повеќе .

Европските конзервативци и реформатори имаат 59 места , односно 18 мандати помалку. Досегашниот пратенилчки клуб Европа за слободна и директна демократија во која е антисемитското движење Пет ѕвезди и партијата Брегзит на Најџел Фараж има 48 места, шест повеќе од досега.

Обединетата европска левица доби 46 места или шест помалку.

Вебер : Ќе донесам стабилност во Европа

Кандидатот за претседател на Европската Комисија , Манфред Вебер , вечерва вети дека ќе донесе стабилност во Европската Унија.

Вебер вети ставилност во ЕУ и оцени дека проевропските сили ќе го предводат новиот состав на Европскиот Парламент.

Кандидатот за претседател на Европската Комисја од редовите на најмногубројната Европска Народна партија рече и дека на овие избори ослабна политичкиот центар.

притисни ентер