ГШ на АРМ: Груби дезинформации се дека АРМ била инволивирана во „27 април'

Генералштабот на Армијата на Република Македонија ги денатира информациите за каква било инволвираност на АРМ во случувањата во Собранието на 27 април минатата година оценувајќи ги како груби дезинформации. 

Потенцира дека стои на располагање во целост да ги презентира сите податоци и да соработува со сите надлежни институции со што конечно ќе се стави крај на натамошни шпекулативни толкувања со кои се нарушува угледот на Армијата.

-Во врска со зачестените објави во одредени електронски медиуми, како и разни произволни толкувања од страна на лица кои гостуваат во дебатни емисии на националните телевизии, во кои се наведуваат инсинуации со кои упорно сака да се прикаже инволвираност во организирана форма, на Армијата на Република Македонија во случувањата на 27 април 2017 година, најенергично ги демантираме ваквите тврдења со напомена дека се работи за груби дезинформации кои се пласираат во јавноста. Ве информираме, дека како и секогаш досега, генералштабот на АРМ во потполност транспарентно ги пренесува сите свои активности и ангажмани и е на располагање во целост да ги презентира сите податоци и да соработува со сите надлежни институции за било какви информации за наводните тврдења со што конечно ќе се стави крај на понатамошни шпекулативни толкувања, се вели во соопштението од Генералштабот на АРМ.

Во досегашното постоење на АРМ, потенцијаат од ГШ, во потполност се применуваат воспоставените принципи и постапки во хиерархијата и субординација во командувањето, при што се постапува согласно дадените законски надлежности и строго утврдени правила кои ја уредуваат оваа област.

-Преку пласирање вакви неточни информации се влијае на нарушувањето на угледот на АРМ и на чувствата на припадниците на АРМ, кои со својот ангажман постојано ги потврдуваат своите определби и грижа за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, а со тоа да се влијае и на севкупната подготвеност на Армијата на Република Македонија, велат од ГШ на АРМ.

Потенцираат и дека сите медиуми пред објавување или превземање на вакви вести во кои се споменува АРМ, веродостојни информации може да добијат од канцеларијата за односи со јавноста во ГШ на АРМ, која, како што велат, најтранспарентно ќе им ги достави сите информации за кои се заинтересирани. /МИА

Трамп сака да формира војска за во вселената

Американскиот претеседател Доналд Трамп почна да го исполнува својот план за команда за вселената .

Тој на Пентагон му наредил да подготват нацрт закон вселенски воени сили , како шести ентитет на амариканските вооружени сили.

,,Мораме да бидеме подготвени.” , изјавил Трамп и ја потпишал четвртата вселенска директива во својот мандат , со која се опишува организираноста на овој нов воен ентитет.

,,За мојата влада , формирањето на вселенски сили е прашање од национална безбедност.”

Задачата на овие формации ќе биде да ги заштитат американските сателити во вселената од секаков физички напад , судар со друг предмет или проектил или каков било обид за пиратерство , како и развој на офанзивни капацитети.

Во прво време , вселеснките сили ќе бидат во состав на воената авијација со сопствен генералштаб.

Сепак , процесот е долг и ќе треба ваквата реорганизација на воените сили да ја одобри и Конгресот.

Европскиот Парламент објави кога ќе престане поместувањето на часовниците

Одборот за индустрија , истражувања и енергетика на Европскиот Парламент денеска го усвои законодавното мислење за предлог директивата за укинување на полугодишното поместување на часовниците.

Укинувањето ќе стапи на сила од 2020 година , иако Европската Комисија предложи последното поместување да се случи годинава , на 31 март. Сепак Одборот го усвои амандманот на пратеникот Давор Шкрлец од Зелените , кој предложи поместувањето на стрелките на часовниците да запре на 31 марти 2020.

 ,,Поради низа потенцијални проблеми , со ваквото укинување треба да се почека. Директивата би требало да се применува од 1 април 2020 , така што одредбите би стапиле на сила во сите земји членки на 31 март 2020. " 

Во последната анкета дури 84% од жителите на земјите членки на Европската Унија се против поместувањето за еден час понапред или поназад на часовниците  два пати годишно .

Извлечени четворица скијачи од лавината во Швајцарија – затрупани најмалку десетмина (ВИДЕО)

Попладнево во 14.15 часот на скијачката патека во најпознатиот швајцарски ски центар Кран Монтана падна лавина , под којас е затрупани повеќе од 10 скијачи.

До сега спасувачите успеле да извлечат четворица скијачи , кои имале само полесни повреди. Продолжува потрагата по останатите , зашто според швајцарските медиуми , под лавината има уште најмалку десет скијачи.

На местото на несреќата има и два хеликоптери. За сега нема инфорации за загинати, ниту се знае националноста на спасените скијачи.

притисни ентер