Видео- Фото: Најсексапилната хрватска новинарка веќе неколку години е во тајна врска со Лука Модриќ!??

Преубавата русокоса хрватска новинарка Фани Стипковиќ според медиумски шпекулации  веќе десетина години е во тајна љубовна врска со  најдобриот фудбалер на светот за 2018 година, Лука Модриќ.

Капитенот на фудбалската селекција на Хрватска и убавата новинарка  никогаш досега не признале дека се во врска.

Асот на Реал Мадрид, во понеделникот ја доби „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот на годината, што новинарите од Европа го искористија како повод  во јавноста да го претстават кој е всушност Модриќ и приватно.

Лука и Фани се запознале во 2009 година на едно интервју, по што неколку пати се видени на исти места.

Хрватската новинарка потоа неочекувано  се преселила во Мадрид каде живее и Модриќ со семејството.

 Хрватскиот капитен инаку, е во брак со Вања Босниќ со која  е во врска од својата 19 година. Имаат три деца, но според дел од новинарите нивниот идиличен брак е само претстава за јавноста.

За јавноста е интересен и фактот што преубавата Фани никогаш досега не го покажала ниту пак признала дека има момче. Лука Модриќ дури е и промотор на нејзината нова емисија.

Новата биографија на “Големиот лидер“: Храбар морнар, агресивен тенкист и поет

Во Северна Кореја излегла новата биографија на “извонредниот лидер“ КИм Јонг Ун, со “скромен“ наслов – „Големиот човек“.

Ким Јонг Ун, доколку може да се процени според она што го пишува во неговата биографија, не му се достојни ниту Бетмен, па ни Супермен,  а ни Аквамен.

Во книгата која, се надеваме дека ќе стане бестселер (доколку режимот дозволи продажба надвор од границите на Северна Кореја) Ким е прикажан како “невообичаено храбар лидер ’дар од небото“ за сите народи и народности на светот“.

Како што пишува режимскиот биограф, Ким е мајстор за се што ќе се фати. Има “проникливо предзнаење и научно аналитички способности“, поседува “јуначки машки карактер и расположение“, вешт е во сите работи.

Ким Јонг Ун е способен јавач на коњи, храбар морнар и агресивен тенкист кој ’цврсто ја држи палката и го води челичниот коњ како бура’. Своите суперхероиски способности Ким ги покажува од раѓање, а како врвен стрелец се покажал уште на тригодишна возраст кога “уништил десет мети“.

Со неговата “храброст и способност не може да се рамни ниту еден жив човек на светот“ , се наведува во биографијата.

Освен воената, ’извонредниот лидер’ поседува и уметничка црта. Поезија пишува на кинески, а зборува седум јазици.

Издавањето на книгата се поклопува со новите титули кои ги доби од ЦК на Работничката партија на Северна Кореја, меѓу кои се најде и титулата “Врховен претставник на народот“ што ги вознемири јужните соседи бидејќи имплицира дека е и нивен господар што би можело да значи дека Ким, сега кога го наговори Трамп да му ги тргне санкции има намера повторно да ја обедини Кореја.

Слеп морнар го преминал Тихиот океан без застанување

Јапонскиот морнар Мицуширо Ивамото е првата слепа личност која успеала да го премине Пацификот без застанување.

Ивамото (52) поминал 14.000 километри со помош на навигаторот Даг Смит.

Тој на јахтата долга 12 метри денеска пристигнал во пристаништето Фукушима, два месеци откако поминал на море.

Ивамото ја напуштил Калифорнија на 24 февруари заедно со Даг Смит, американски навигатор кој му помагал, наведува „БиБиСи“.

Неговиот обид да ја премине оваа раздалеченост во 2013 година завршил неуспешно, откако неговиот брод удрил во кит, за потоа да потоне. Тогаш се вмешала јапонската војска која го спасила.

Тој за јапонската новинска агенција „Кјодо“ изјавил дека овој пат претставува “остварување на сонот“ и оти тој сега е “најсреќната личност на светот“.

Ивамото, кој го изгубил видот кога имал 16 години, управувал со бродот, додека Смит му давал вербални насоки советувајќи го за насоката и во случаите на опасност.

Славната пејачка тагата поради разводот нема да је лекува со колачи

Сега и официјално е потврдено дека славната пејачка се разведува, тагата не сака да ја лекува со храна.

Добитничката на Греми наградата наводно и се обратила на својата најдобра пријателка, холивудската актерка Џенифер Лоренс за совет околу слабеење, пренесува „Радар Онлајн“.

Пејачката се одлучила да ги намали килограмите и неодамна успеала да изгуби цели 12 килограми.

Не сака да се врати на старо, туку да истопи што повеќе масни наслаги и да стекне здрави навики.

Џенифер, која многу води сметка за своето здравје, во тоа ќе и помогне.

Адел престанала да пуши цигари, почнала со пилатес, а Џенифер и советувала брзата храна да ја замени со здрави оброци.

„Адел и Џенифер се најдобри пријателки. Често се слушаат и разменуваат пораки. Џенифер и е инспирација и мислам дека на некој начин сака да биде како неа“ – откри неименуван извор.

Тие двете станаа пријателки откако се запознаа на доделувањето на Оскарите во 2013 година.

Адел и Сајмот се венчаа во тајност во 2016 година, после пет годишната врска, а во 2012 добија и син.

притисни ентер