Видео: Српскиот фудбалер Суботиќ се чувствува добро и нема да има последици по страшниот удар во глава

Српскиот фудбалер од редовите на францускиот прволигаш Сент Етјен сепак нема да има потешки последици по страшниот инцидент на мечот против Бордо, кога голманот на неговиот тим го удри со колено во глава.

Според информациите кои неговиот менаџер им ги соопшти на медиумите, Суботиќ по ноќта мината во болница во текот на денот би можел да ја напушти болницата во Бордо, откако лекарите утврдиле дека освен силниот удар кој го претрпел , Суботиќ нема други последици.

Невен Суботиќ  на мечот Сент Етјен – Бордо доживеа силен удар со колено во глава, по што веднаш паднал во несвест, а крв почнала да му тече по лицето.

Српскиот фудбалер итно бил одвезен во болница на прегледи. Таму ја минал ноќта , но за среќа прегледите покажале дека се минало без потешки последици по здравјето на фудбалерот , и сега се очекува Суботиќ брзо да се врати на зелениот терен.

Фудбалер со откачени видеа бара подобри оценки од ФИФА19 (ВИДЕО)

39- годишниот фудбалер Кевин Елисон од англискиот четвртолигаш Моркомб бара подобри оценки од ФИФА 19.

Додека некои фудбалери тоа го прават преку социјалните мрежи , Елисон и неговиот клуб решиле преку видео да докажат дека се побрзџи отколку во оваа популарна видео игра.

Нивниот обид дда си ги подобрат оценките не е ништо ново. И многу познати фудбалски ѕвезди се жалат дека во играта на EA Sports се прикажани како слаби играчи.

Видеото на Елисон , во секој случај стана мега популарно и за помалку од еден месец е прегледано повеќе милиони пати.

Дембеле плаќа најголема казна во историјата на Барселона

Усмејн Дембеле за Барселона оваа сезона посртогна 9 голови со 5 асистенции во 20 натпревари и игра многу добро, но Французот надвор од теренот е недисциплиниран.

21 годишниот француски играч во последно време честопати доцни на тренинзите , што е голем проблем за каталонскиот тим. Очигледно не ги сфатил сериозно серијата опоменувања , па задоцни и на вчерашниот тренинг , закажан за 11 часот. Од клубот велат дека причината е што младиот фудбалер е заразен со видео игри .

Но , тоа не беше оправдување за клубот , кој му ја определи највосоката досега казна во историјата – 200 000 евра.

Иако не ги одработува сите обврски за тимот , 115 милиони платениот фудбалер , нема проблем на теренот. Напротив. На поселдните шет натпревари постигна 2 гола и три асистенции , а на натпреварите против Вилјареал и Тотенхем беше прогласен за најдобар играч.   

Реакцијата на слепиот навивач на Ливерпул по голот на Салах стана хит (ВИДЕО)

Со тешки маки Ливерпул се избори за осмина финале на Лигата на шампионите со победа над Наполи од 1:0 .

Италијаните ги скрши Мохамед Салах , а победата во 91 минута им ја донесе голманот Алисон Бекер , кој одбрани сигурен гол на Наполи.

Но , без оглед на играта на двата извонредни тима , натпреварот падна во сенка на социјалните мрежи по објавата на видеото со слепиот навивач на Ливерпул.

На снимката се гледа како навивачот реагира на навивањето на ,,Редсите” и ужива во натпреварот и победата на неговиот тим.

И самиот Салах уживал во атмосферата на натпреварот  во Анфилд и се огласи со објава на Инстаграм. "Wow, Anfield!" , напиша фудбалерот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Anfield, wow 😍

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah) on

притисни ентер