Фото: Претставена новата верзија на славниот фустан со длабоко деколте на Џенифер Лопез

На ревијата на славната модна куќа Версаче свој голем кам-бек имаше еден легендарен фустан, „оживеан“ од латино ѕвездата Џенифер Лопез.

На ревијата  на Версаче одржана во Њујорк на денот кога  нејзиниот основач Џани Врсаче би  наполнил 72 години, се појавиле многу познати лица во публиката но и на модната писта.

Поради тоа што станувало збор за посебна ревија, Донатела Версаче одлучила инспирацијата да ја побара во старите колекции.

Легендарната креаторка на голема врата  го врати легендарниот сино – зелен фустан со деколте до папокот која на доделувањето на Греми наградите во 2000 година го носеше музичката ѕвезда Џенифер Лопез.

Фустан кој засекогаш ќе остане запаметен во светот на модата, новиот фустан само има поинаков дезен.

Новиот Ауди А6 , интересна службена лимузина

Новиот А6 го потврди Ауди како еден од највлијателните ппроизводители на службени лимузини.

Автомобилот долг цели пет метри изгледа импозантно , а новиот модел е украсен со ХД матрикс ЛЕД светла , кои му даваат уште повпечатлив изглед.

Кокпитот е целосно дикгитализиран и опремен со два монитора ,средишниот ретровизор работи како паметен телегон и нема рамка,  а има и автоматска клима со дотерување на микроклима во авотмобилот. Во багажникот има простор од 530 литри , а новиот А6 е и подолг и поширок од претходникот ( 4 939 мм /1 886 мм).

Погонскиот дел работи на принципот на милд хибрид со БАС систем. Работи бесшумно при брзина до 160 километри на час , при завбавувањето регенерира 12 кW , со што може да заштеди и до 0,7 литри на 100 километри.

До брзина од 100 километри стугнува за 5,5 секунди , со максимална брзина од 250км/час,  што е импресивно за толку големо возило.

И Хилари Клинтон гостинка на свадбата кај најбогатиот Индиец (ФОТО+ВИДЕО)

И Хилари Клинтон беше гостинка на свадбата на ќерката на најбогатиот Индиец, каде мини концерт одржа Бијонсе.

Викендов се омажи ќерката на најбогатиот човек во Азија и 19- ти најбогат на светот, Мукеш Амбани. Неговата 27 годишна ќерка Иша Амбани се омажи за  33 годишниот Ананд Пирамал , која исто така е син на милијардер од Индија.

Свадбата почна во домот на невестата , 27 катница ,која за оваа прилика беше накитена со црвено цвеќе. На свадбата имало над 5 000 гости , а аеродромот работел со четири пати зголемен интензитет поради бројните гости кои доаѓале со приватни авиони.

Според Блумберг , свадбата чинела околу 100 милиони долари, но семејството тврди дека не биле потрошени повеќе од 15 милиони.

За споредба , кралската венчавка на Меган и хари чинеше 40 милиони долари. Минатата недела невестата беше старосватица на свадбата на актерката Пријанка Чопра и пејачот Ник Џонас.

Меѓу познатите на свадбата беа поранешната прва дама на САД , Хилари Клинтон, Аријана Хафингтон , жената што го основа Хафингтон Пост, бизнисменот Лакшми Митал и познатиот играч на крикет,Сачин Телдункар. Гостите пристигнале со над 100 чартер летови .

Свадбата почна во средата и траеше до доцна вечерта во неделата , кога мини концерт имаше и популарната Бијонсе. Не е познато колку и било платено за настапот , но сигурно парите не биле проблем .

Богатството на Мукеш Амбани се проценува на 47 милијарди долари. Таткото на младоженецот , Аџај Пирамал е исто така милијардер со богатство проценето на 5,4 милијарди долари.

притисни ентер