Шон Пен во Истанбул снима филм за брутално убиениот новинар Кашоги

Познатиот холивудски актер во Истанбул снима документарен филм за убиството на новинарот на Вапингтон пост, Аднан Кашоги.

Турската државна агенција јави дека двојниот Оскаровец пред саудискиот конзулат во Истанбул го снимал документарниот филм за убиството на Кашоги , на 2 октомври годинава.

Шон Пен (58) , познат по своите политички ставови и дебатите во САД , со својата екипа снима за бруталното убиство на новинарот , за што истрагата се уште не е завршена.

Новинарот Кашоги , познат по критиките кон кралското семејство во Саудиска Арабија беше брутално ликвидиран во просториите на саудискиот конзулат во Истанбул , а неговото тело беше расцепкано , стопено во киселина и фрлено во канализација.

Турчин ја предизвикал сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ

Сообраќајната несреќа во која загинаа пејачот Шабан Шаулиќ и музичарот Мирсад Кериќ , ја предизвикал Турчин , а не Германец , како што гласеа првичните информации.

35 – годишниот Турчин , Алсин Левент , кој живеел во местото Гитерсло ја предизвикал сообраќајната несреќа на автопатот во Германија.

Тој во алкохолизирана состојба со автомобил Мазда 6 се забил во автомобилот во кој како совозач се возел легендарниот пејач .

Левент , како што пишуваат српските медиуми , не е во притвор , туку е во болница , каде се опоравува од повредите , под постојана контрола на полицијата.

Премногу забава или нов моден хит – Што се случува со Малани Грифит?

Славната актерка ги збуни фановите со новиот детал на челото.

Мелани Грифит (61) вчера е снимена како излегува од еден познат ресторан во Холивуд , а сите забележаа дека има светкав детал . Некогашната секс бомба носеше светкав детал на лицето , на кое воопшто немаше шминка.

 На челото светкаше срце , кое многумина го протолкуваа на различни начини. Дали имала забава или намерно сакала нешто да порача , не е познато.

Најголемиот број таблоиди пишуваат дека актерката изгледа изморено , најверојатно како резултат на лошите естетски корекции и ракот на кожата , од кои е оперирана два пати.

Георгина на Роналдо не штеди – спие во пижами од 2 700 евра

Георгина Родригез , долгогодишната девојка на фудбалњерот Роналдо , знае да потроши богатство на дизајнирана облека.

Георгина се пофали на Инстаграм со пижамите на Луј Витон , кои чинат 2 700 евра. Пижамата е дел од најновата колекција , а може и секој дел да се купи посебно. Долниот дел чини 1 400 , а горниот 1 300 евра.

Сепак , Георгина може да си дозволи ваков луксуз , зашто Роналдо потпиша договор за Јувентус со плата од 4,7 милиони евра.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Buenas n🌓ches ✨

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

,,Добра ноќ“ напиша атрактивната Георгина на објавата на Инстаграм , на што и одговорија стотици фанови и доби илјадници лајкови.

притисни ентер