Покрај Земјата ќе мине најсјајната комета (ВИДЕО)

Најсјајната комета која ќе мине покрај Земјата оваа година се приближува на радост на сите професионални и аматерски астрономи.

Кометата наречена 46P или Wirtanen ќе помине многу блиску покрај Земјата , а тоа ќе биде една од 10 – те комети со најблиска патека од 1950 година. Според научниците , минувањето на оваа комета ќе спаѓа меѓу 20 најблиски прелети во последните 1 000 години.

Кометата ќе биде најблиску до Сонцето на 12 декември ,во среда,  а во недела , на 16 декември ќе помине покрај Земјата. Ќе се движи на оддалеченост од 11 265 408 километри од нашата планета. Кометата ќе може да се видси и со голо око , но најдобро со телескоп .

Астрономите препорачуваат да се гледа кометата на ведро небо и подалеку од светлоста на поголемите градови.

Турчин ја предизвикал сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ

Сообраќајната несреќа во која загинаа пејачот Шабан Шаулиќ и музичарот Мирсад Кериќ , ја предизвикал Турчин , а не Германец , како што гласеа првичните информации.

35 – годишниот Турчин , Алсин Левент , кој живеел во местото Гитерсло ја предизвикал сообраќајната несреќа на автопатот во Германија.

Тој во алкохолизирана состојба со автомобил Мазда 6 се забил во автомобилот во кој како совозач се возел легендарниот пејач .

Левент , како што пишуваат српските медиуми , не е во притвор , туку е во болница , каде се опоравува од повредите , под постојана контрола на полицијата.

Премногу забава или нов моден хит – Што се случува со Малани Грифит?

Славната актерка ги збуни фановите со новиот детал на челото.

Мелани Грифит (61) вчера е снимена како излегува од еден познат ресторан во Холивуд , а сите забележаа дека има светкав детал . Некогашната секс бомба носеше светкав детал на лицето , на кое воопшто немаше шминка.

 На челото светкаше срце , кое многумина го протолкуваа на различни начини. Дали имала забава или намерно сакала нешто да порача , не е познато.

Најголемиот број таблоиди пишуваат дека актерката изгледа изморено , најверојатно како резултат на лошите естетски корекции и ракот на кожата , од кои е оперирана два пати.

Георгина на Роналдо не штеди – спие во пижами од 2 700 евра

Георгина Родригез , долгогодишната девојка на фудбалњерот Роналдо , знае да потроши богатство на дизајнирана облека.

Георгина се пофали на Инстаграм со пижамите на Луј Витон , кои чинат 2 700 евра. Пижамата е дел од најновата колекција , а може и секој дел да се купи посебно. Долниот дел чини 1 400 , а горниот 1 300 евра.

Сепак , Георгина може да си дозволи ваков луксуз , зашто Роналдо потпиша договор за Јувентус со плата од 4,7 милиони евра.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Buenas n🌓ches ✨

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

,,Добра ноќ“ напиша атрактивната Георгина на објавата на Инстаграм , на што и одговорија стотици фанови и доби илјадници лајкови.

притисни ентер