Денеска беше кремирано телото на Горан Стефановски

Во Кентербери , Англија , денеска беше кремирано телото на авторот и драматург , Горан Стефановски.

Неговите пријатели на Фејсбук објавија дека во присуство на бројни роднини , пријатели и неговите студенти од Универзитетот во Кент , е кремирано телото на македонскиот писател и драматург , Горан Стефановски .

Студентите покренале иницијатива еден од одделите на Универзитетот во Кент да го носи неговото име. Стефановски почина на 27 ноември во Кентербери на 66 годишна возраст.

Неговата последна желба е пепелта да му биде расфрлана во водите на Охридското езеро.

Земјотрес во Мостар -Се тресеа врати и прозорци

Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер попладнево во 17.25 часа го стресе Мостар.

Земјотресот е почуствуван во Херцеговина и во дел од Далмација. Во епицентасрот земјотресот бил со јачина од 3,2 степени по Рихтер . Длабочината на потресот бил на пет километри.

Освен мала материјална штета и вознемиреност кај жителите , земјотресот не предизвикал други проблеми.

Заев: Ветивме промени, ги донесовме промените

Заврши седницата на Централнито Одбор на СДСМ.Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев им се заблагодари на сите членови на раководството што до сега беа на функција. 

Претседателот на СДСМ , Зоран Заев по завршувањето на седницата на ЦО на СДСМ рече дека ветеното го исполниле. Целиот фокус ќе биде на подобрување на животот на граѓаните, рече Заев. Тргнавме од своите редови за подобрување , народот тоа ќе го цени.

Пораката ја примивме и сите сили ќе ги насочиме кон подобрување на животот на граѓаните. Следуваат промени во извршната власт , рече премиерот. 

На местото на Кирацовски доаѓа Љупчо Николовски за генерален секретар на СДСМ и нема да биде веќе Министер за земјоделство . 

Нови проекции на Европскиот Парламент:EПП има 46 места помалку

Според новите проекции на идниот состав на ЕП , Европската наросдна партија останува најсилна политичка сила , но со 46 мандати помалку .

Социјалиситите се на второто место со 40 мандати помалку отколку во досегашниот состав. Така , ЕПП добива 170 места , а Социјалдемократите ќе имаат 147 места .

Либералите заедно со листата на францускиот претседател Макрон има 103 места. Коалицијата Европа, нација и слобода во која е Лига на Матео салвини има 71 место , односно 35 мандати повеќе .

Европските конзервативци и реформатори имаат 59 места , односно 18 мандати помалку. Досегашниот пратенилчки клуб Европа за слободна и директна демократија во која е антисемитското движење Пет ѕвезди и партијата Брегзит на Најџел Фараж има 48 места, шест повеќе од досега.

Обединетата европска левица доби 46 места или шест помалку.

притисни ентер