Заев очекува уставните измени да се донесат во јануари со широка поддршка во Собранието

Европратениците Дејвид Мекалистер и Кнут Флекенштај со поддршка за Договорот за името и реформските процеси. 

На средба со премиерот Заев истакнале дека договорот е пример за регионот, но и за Европа.

Премиерот Заев ги информира дека процесот на уставни измени очекува да заврши во јануари со широка поддршка во парламентот.

„Нашите очекувања се дека уставните амандмани ќе добијат широка политичка поддршка во Собранието, со што ќе се овозможи реализација на Договорот од Преспа. Паралелно работиме на реализацијата на реформите во клучните области, што очекуваме да ги заокружиме до март. Поканата за НАТО и можноста за почеток на преговорите со ЕУ е висока мотивација за институциите во реформскиот процес“, истакнал премиерот Заев на средбата со европратениците.

На средбата со претседателот на Собрание, Талат Џафери европратеникот Меклистер порачал дека Договорот има голема поддршка во Европскиот парламент, додека Флекенштај потенцирал дека и европските институции мора да ја завршат својата работа и да ги исполнат дадените ветувања во однос на земјите кандидати.  Европарламентарците се сретнаа и со осуммина пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои дадоа поддршка за уставните измени и сега делуваат како независна пратеничка група.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски на средба со Мекалистер истакнал дека земјата се соочува со деликатна политичка состојба, но дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена квалитативно да ги помогне реформските процеси кои би гарантирале напредок но дека пред се тоа зависи од волјата и способноста на владата да биде носител на тие процеси.

Заев: Ветивме промени, ги донесовме промените

Заврши седницата на Централнито Одбор на СДСМ.Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев им се заблагодари на сите членови на раководството што до сега беа на функција. 

Претседателот на СДСМ , Зоран Заев по завршувањето на седницата на ЦО на СДСМ рече дека ветеното го исполниле. Целиот фокус ќе биде на подобрување на животот на граѓаните, рече Заев. Тргнавме од своите редови за подобрување , народот тоа ќе го цени.

Пораката ја примивме и сите сили ќе ги насочиме кон подобрување на животот на граѓаните. Следуваат промени во извршната власт , рече премиерот. 

На местото на Кирацовски доаѓа Љупчо Николовски за генерален секретар на СДСМ и нема да биде веќе Министер за земјоделство . 

Земјотрес во Мостар -Се тресеа врати и прозорци

Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер попладнево во 17.25 часа го стресе Мостар.

Земјотресот е почуствуван во Херцеговина и во дел од Далмација. Во епицентасрот земјотресот бил со јачина од 3,2 степени по Рихтер . Длабочината на потресот бил на пет километри.

Освен мала материјална штета и вознемиреност кај жителите , земјотресот не предизвикал други проблеми.

Нови проекции на Европскиот Парламент:EПП има 46 места помалку

Според новите проекции на идниот состав на ЕП , Европската наросдна партија останува најсилна политичка сила , но со 46 мандати помалку .

Социјалиситите се на второто место со 40 мандати помалку отколку во досегашниот состав. Така , ЕПП добива 170 места , а Социјалдемократите ќе имаат 147 места .

Либералите заедно со листата на францускиот претседател Макрон има 103 места. Коалицијата Европа, нација и слобода во која е Лига на Матео салвини има 71 место , односно 35 мандати повеќе .

Европските конзервативци и реформатори имаат 59 места , односно 18 мандати помалку. Досегашниот пратенилчки клуб Европа за слободна и директна демократија во која е антисемитското движење Пет ѕвезди и партијата Брегзит на Најџел Фараж има 48 места, шест повеќе од досега.

Обединетата европска левица доби 46 места или шест помалку.

притисни ентер