Катругалос: Двете страни имаат искрена намера процесот да има успешен крај

Немам ни најмал сомнеж дека ќе биде изгласан Договорот од Преспа. Мислам дека неодамнешната непријатност од изјавите што ги споменавте напротив ја потврди содржината на договорот.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за грчкото радио „Њуз247" во однос на изјавата на македонскиот премиер што предизвика реакции и беше тема и на внатрешно политички препукувања во Грција, објаснува дека на таа тема разговарале вчера со Никола Димитров, но објаснувања дал и портпаролот на македонската Влада.

– Двете страни се со искрена намера целиот процес да има успешен завршеток. Вчера разговаравме и со министерот за надворешни работи на соседната земја, со господинот Димитров и се согласивме дека треба да бидеме особено претпазливи во нашите изјави и да не оставаме ни најмал впечаток дека сакаме да отстапиме од текстот и духот на договорот. Мислам дека и по корективните изјави на владиниот портпарол на поранешната југословенска Република Македонија дадени се доволни објаснувања, рече Катругалос кој во друг дел од интервјуто уште еднаш спомена дека она што е важно е дека постоеше корекција, објаснување и појаснување на изјавата.

Според алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, токму ова уништува секакви сомнежи за содржината на договорот, не остава простор за злоупотреба и не го менува ставот на пратениците што го поддржуваат договорот.

– Немам ни најмал сомнеж дека ќе биде изгласан Договорот од Преспа. Мислам дека неодамнешната непријатност од изјавите што ги споменавте напротив ја потврди содржината на договорот. Токму затоа што разби било каков сомнеж за тоа што точно пишува, го разби тврдењето дека може да продолжат да се користат иредентистички аргументи од минатото во внатрешноста. И токму бидејќи беше дадена можност за појаснувања и објаснувања мислам дека не постои ни најмала можност за злоупотреба во овој момент, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција во интервјуто за грчкото радио.

Тој на неколку пати повтори дека нема ни најмал сомнеж дека постои мнозинство пратеници за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

– Немам сомнеж дека постои мнозинство, токму поради тоа што немам сомнеж за критериумот, за националниот критериум со кој ќе гласаат мнозинството пратеници. Па дури и во Нова демократија паметат дека Константинос Мицотакис имаше соодветна позиција како оваа што ја промовиравме, но и Дора Бакојани и Костас Караманлис. И доколку Мицотакис подлегне пред лидерите во сенка на Нова демократија Георгиадис и Воридс, сигурен сум дека мнозинството пратеници нема да го следи, вели Катругалос.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција објаснува дека кога „ќе заврши процесот ќе треба и двете влади да говорат ист јазик како што говорат сега да не постои никаква сенка на сомнеж за тоа која е точната смисла на договорот" и вели дека меѓу двете земји постои отворен канал на комуникација „за да можеме да ги праќаме неопходните пораки како што беше случај сега за да не останува никаков сомнеж во однос на тоа што точно се договоривме".

Прашан за тоа кога Договорот од Преспа би дошол за ратификација во грчкиот Парламент, алтернативниот шеф на грчката дипломатија се повика на изјавата на Ципрас од минатото дека клучниот период е од крај на јануари до март.

Во однос на шпекулациите и сценаријата дека опозициската Нова демократија, за да не се ратификува Договорот од Преспа, како оружје би можела да искористи иницијатива за гласање недоверба на владата, Катругалос рече дека „со тоа оружје ќе си пукаат во нивните нозе".

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер