Европската комисија ќе бара месечни извештаи за лажни вести од Фејсбук , Твитер и Гугл

Европската комисија планира од палтформите на социјалните мрежи да бара месечен извештај за лажни вести.

Меѓу социјалните мрежи се Фејсбук , Твитер и Гугл ќе се бара да поднесуваат месечни извештаи за објавени лажни вести се до мај , кога се одржуваат изборите во Брисел.

Неименувани дипломати во ЕУ  рекле дека извештаите ќе бидат поврзани со ,,руската кампања на дезинформирање” , и дека ваквото барање е дел од акциски план поврзан со лажните вести , што утре ќе биде претставен во Европската комисија во Брисел.

Турчин ја предизвикал сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ

Сообраќајната несреќа во која загинаа пејачот Шабан Шаулиќ и музичарот Мирсад Кериќ , ја предизвикал Турчин , а не Германец , како што гласеа првичните информации.

35 – годишниот Турчин , Алсин Левент , кој живеел во местото Гитерсло ја предизвикал сообраќајната несреќа на автопатот во Германија.

Тој во алкохолизирана состојба со автомобил Мазда 6 се забил во автомобилот во кој како совозач се возел легендарниот пејач .

Левент , како што пишуваат српските медиуми , не е во притвор , туку е во болница , каде се опоравува од повредите , под постојана контрола на полицијата.

Премногу забава или нов моден хит – Што се случува со Малани Грифит?

Славната актерка ги збуни фановите со новиот детал на челото.

Мелани Грифит (61) вчера е снимена како излегува од еден познат ресторан во Холивуд , а сите забележаа дека има светкав детал . Некогашната секс бомба носеше светкав детал на лицето , на кое воопшто немаше шминка.

 На челото светкаше срце , кое многумина го протолкуваа на различни начини. Дали имала забава или намерно сакала нешто да порача , не е познато.

Најголемиот број таблоиди пишуваат дека актерката изгледа изморено , најверојатно како резултат на лошите естетски корекции и ракот на кожата , од кои е оперирана два пати.

Георгина на Роналдо не штеди – спие во пижами од 2 700 евра

Георгина Родригез , долгогодишната девојка на фудбалњерот Роналдо , знае да потроши богатство на дизајнирана облека.

Георгина се пофали на Инстаграм со пижамите на Луј Витон , кои чинат 2 700 евра. Пижамата е дел од најновата колекција , а може и секој дел да се купи посебно. Долниот дел чини 1 400 , а горниот 1 300 евра.

Сепак , Георгина може да си дозволи ваков луксуз , зашто Роналдо потпиша договор за Јувентус со плата од 4,7 милиони евра.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Buenas n🌓ches ✨

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

,,Добра ноќ“ напиша атрактивната Георгина на објавата на Инстаграм , на што и одговорија стотици фанови и доби илјадници лајкови.

притисни ентер