И покрај тоа што се очекуваше дека со почетокот на продажбата на новото СУВ на Масерати ќе му тргне на добро , тоа не се случи. Продажбата на популарниот формат возила е во пораст , но тоа не е доволно, па дури на неколку пати било запрено производството.
Мајк Менли , првиот човек на Масерати за пазарниот неуспех ја обвинува управата , која кон компанијата се поставила како кон голем сериски производител.
Уште минатата година Масерати работеше со профитна маржа од 13,8% , а денеска е само 2,4%. Во третиот квартал приходите изнесуваа само 15 милиони евра , а продажбата паднала за 19%.
,,Сето тоа е потврда дека е погрешна политиката масерати и Алфа Ромео да имаат иста управа. Со тоа го изгубивме фокусот на Масерати како бренд и се однесувавме кон него како да е сериски производ , што не е добро. ” , смета Менли.
На чело на Масерати сега повторно дојде харалд Вастер , кој осум години раководеше со компанијата. Целта е да се достигне продажба од 50 000 примероци годишно.
Тоа би значело дека компанијата сега е речиси на половина пат , со продадени 26 400 автомобили за првите девет месеци.