ВМРО-ДПМНЕ: Здравствениот систем е во колапс

Здравствениот систем во македонија е во колапс. СДСМ имаше „план за живот“, и вети дека ќе се работи на здрава примарната здравствена заштита, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Здравствениот систем во Македонија е во колапс. СДСМ имаше „План за живот“, и вети дека ќе се работи на здрава примарната здравствена заштита. Но, очигледно или не ја сфаќаат или не сакаат да ја сфатат. Примарната здрваствена заштита е во слободен пад.

Матичните лекари и стоматолозите добија најлоши предлог договори за наредните пет години од Фондот за здравствено осигурување, а со високите казни во договорите се доведува во прашање и нивното опстојување.

СДСМ, пак, ветуваше намалување на високите казни за матичните доктори, а сега гледаме дека излажа. Матичните доктори протестираа, но, прашање е дали воопшто некој ги слуша.

Лагите на СДСМ ги има секој ден.

СДСМ ветуваше и покачување на капитациониот бод на матичните доктори на 90 денари-излажа. Ветуваше укинување на квотите за рецепти и боледувања-излажа.

Дополнително, годинава од две поликлиники во Скопје три матични доктори заминаа во пензија, а најдоцна до крајот на годинава заминува уште еден матичен лекар. Значи дека околу десет илјади граѓани во Скопје ќе останат без матичен лекар. Здравствен дом Скопје не распишува тендер за концесионери како што предвидува Законот за здравствена заштита.

Предвидлив е фактот дека до крајот на годината околу 30 доктори од примарното здравство низ цела Македонија ќе заминат во пензија, а околу 60 илјади граѓани ќе останат без матични лекари. Во Македонија многу ординации ќе останат празни. Ако се земе предвид дека просечната возраст кај матичните доктори е 57 години, очекувано е дополнително влошување на состојбата за 5 години кога може да се случи многу градови да останат без доктори во примарното здравство.

Поради политиките на оваа криминална и однародена власт граѓаните нема кој да ги лечи, а лекарите и медицинските сестри ја напуштаат државата.

Министерот за здравство Венко Филипче и владата треба да дадат одговори на следните прашања:

Дали во државава се потребни лекари?

Знаат ли надлежните дека граѓаните остануваат без матични лекари?

Почитувани,

Јасно е дека владата и министерството се без план за столбот на здравствениот систем за примарната здравствена заштита.

СДСМ ги изманипулира граѓаните, ги измами лекарите. Ветуваше нешто што сакаа да го слушнат, но очигледно нема намера да го реализира.

На оваа здравствена политика водена од оваа влада и овој министер мора да се стави крај.

Силен земјотрес ја погоди Португалија, нема информации за жртви

Многу силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Азорските острови, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Успешна мисија на кинески сателити- направија неверојатни снимки од Земјата и Месечината (ФОТО)

Лунарните кинески сателити - Кеџиао-2, Тијанду-1 и Тијанду-2 - започнаа со комуникациски и навигациски тестови за идните мисии.

Тие на командата ѝ испратија и исклучително интересна фотографија од Месечината со Земјата во позадина, пишува LiveScience.

Сите три сателити беа лансирани со ракета-носач Long March 8 на 19 март, а влегоа во орбитата на Месечината на 12 април.

- Националната вселенска администрација објави дека сателитите кои орбитираат околу Месечината, изградени од Кинеската академија за воздушна наука и технологија ги завршија комуникациските тестови на орбитата. По проценката, сателитите функционираат нормално и извршуваат задачи на мисијата. Тие можат да овозможат комуникации за четвртата фаза од проектот за истражување на Месечината. Мисијата е полн погодок – изјавија од кинеската вселенска агенција CNSA.

Во последните 20 години, Кина посвети многу внимание на лунарната програма, па во 2007 година стана третата земја што слета вселенско летало на Месечината (по САД и СССР) и прва што го сторила тоа во 21ви век. (Минатата година тоа беше направено од Индија, а оваа година од Јапонија.) CNSA планира да испрати уште неколку сонди на површината на Месечината, а потоа да испрати човек до сателитот на Земјата во текот на следната деценија.

Петмина мигранти, меѓу кои и дете, се удавија при обид да го преминат Ламанш

Најмалку пет мигранти загинаа, меѓу кои и едно дете, додека се обиделе да го преминат Ла Манш и да стигнат до Англија во близина на брегот на Вимеру.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот и 30 минути, изјавил градоначалникот на Вимеру, пренесува БФМ ТВ.

Според градоначалникот, спасени се 48 лица, спасувачите се уште трагаат по чамецот, а плажата Вимеру е затворена.

Локалните власти соопштија дека во бродот имало 110 луѓе.

Претходно, во ноќта меѓу 13 и 14 јануари пет лица загинаа на брегот на Вимеру додека се обидуваа да заминат за Британија.

Околу 36.000 мигранти се обиделе да стигнат до Англија преку Ла Манш минатата година.

притисни ентер