Косово повторно не доби членство во Интерпол

Ниту во третиот обид, не помина барањето на косово за прием во Интерпол.

На генералното собрание на Интерпол во Дубаи, за прием на косово во Интерпол во првиот круг гласаа 68 делегати, 51 беа против, а воздржани 16.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека, одбивањето на барањето за членство на косово во Интерпол е успех на Србија, но дека поради тоа не треба да се биде еуфоричен и да се понижува Косово.

-Ние ја подобривме меѓународната позиција, но не смееме во оваа прилика тоа да го искористиме, односно да ја понижуваме приштинската страна“, додаде Вучиќ на вонредна прес-конференција која ја одржа со шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ.

Косово досега трипати поднесуваше барање за членство во 2010, 2015 и минатата година, кога премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, една недела пред генералното собрание во Кина, го повлече барањето поради недостаток на гласови за поддршка.

 Минатата година во интерпол беше примена Палестина и покрај противењата на Израел и САД, како и на Соломонските Острови.

Тереза Меј го преживеа гласањето доверба

Британската премиерка Тереза Меј ја доби довербата на сопартијаците и останува на позицијата .

Со 200 гласа за и 117 против британската премиерка Тереза Меј го преживеа гласањето доверба во нејзината партија. 

Таа останува на чело на владејачката Конзервативна партија и местото премиер со тоа што најмалку една година ќе нема можност за повторнио изгласување доверба. На гласањето вечерва гласаа сите 317 пратеници .

Сепак големиот број противници на Брегзитот ја ставаат Меј во тешка ситуација , со тоа што ќе треба да го спроведе контроверзниот договор , за кој нема согласност во Парламентот.

Владата го усвои финалниот текст на предлог амандманите

Владата на денешната седница го усвои финалниот текст на предлог амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот и го достави до Собранието.

Како резултат на јавната расправа,  најголеми измени има во текстот на амандманот 36 со кој се изменува и дополнува членот 49 од уставот.. Тој сега гласи:   

-Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на Македонскиот народ;

– Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство;

– Републиката се грижи за дијаспората на Македонскиот народ и на другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината;

– Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Финалниот текст на предлог амандманите, како и образложението за истите се достапни на веб страницата на Владата.Трета и финална фаза за нивно усвојување ќе започне во понделник, а треба да финишира на 15 јунуари..

Меркел : Нема да и попуштиме на Британија за Брегзитот

Германската канцеларка Ангела Меркел исклучи можност за промена на договорот за Брегзит на самитот на ЕУ.

,,Ние немаме намера да го менуваме договорот за излегување на Британија од Европската Унија.” , одговори Меркел на прашање на пратеник од Бундестагот. Таа вели дека се уште се надева дека ќе има регуларно излегување на Британија од ЕУ.

Меркел на седницата на Бундестагот на пратенички прашања поврзџани со Самитот на ЕУ , рече и дека во тек се подготовките во случај Британија да не го прифати договорот и да ја напушти ЕУ без план.

И од Брисел порачаа дека без оглед на развојот на настаните во Британија веќе нема да постои можност за отстапки.

притисни ентер