Амнестија во текот на судскиот процес или по донесена пресуда?

На кој начин и кој се ќе биде амнестиран од обвинетите и осудените за собраниските насилства од 27 април лани е неизвесно со оглед на тоа што собраниската Комисија за помирување допрва треба тоа да го преточи во конкретен текст.

Неофицијално се разгледуваат неколку модели, и тоа како одредби врз основа на кои ќе се утврди кои од обвинетите биле вклучени во насилствата и не биле организатори, а за тоа ќе се чека пресуда од најголемиот предмет кој се води во скопскиот кривичен суд. Или пак според друг начин тоа би се ценело врз основа на обвинението.

Сепак кој модел ќе се одбере ќе одлучи Комисијата за помирување која треба да заседава до крајот на неделава. Сигурно е дека законот нема да го подготвува Министерството за правда. Министерката Рената Дескоска, спротивно на премиерот Зоран Заев, го повтори ставот дека е против амнестија но рече дека подготвувачот на законот ќе мора точно да дефинира кои дела ќе опфати амнестијата.

Премиерот Заев во петокот во интервју рече дека законот за амнестија би значел ослободување од обвинение за оние кои не учествувале во насилството и не биле организатори на насилниот упад во законодавниот дом. Тоа најверојатно би ги опфатило обвинетите пратеници Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, кои што во собранието поддржаа отпочнување на постапка за уставни измени. Тие пред денешното рочиште за собраниските насилства кое беше одложено не сакаа да ги коментираат најавите на законот за амнестија, но според закажаната агенда за следните рочишта одлучиле да не даваат одбрана туку да се порпрат на исказите на нивните сведоци. А дел од другите обвинети пак не сакаа да коментираат дали е можно селективно да се дава амнестија но сепак очекуваат ослободителна пресуда.

И додека се размислува за можните модели на амнестија, судењето за собраниските инциденти ќе продолжи утре кога треба да се заврши со презентирање на смс и вибер комуникацијата, докази кои се на листата на обвинителството. В понеделник пак ќе се сослушуваат сведоците на одбраната.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

Девет лица приведени во Таџикистан поради поврзаност со нападот во Москва

Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан уапси девет лица за кои верува дека се поврзани со осомничените за нападот во концертната сала во Москва.

Светските агенции повикувајќи се на извори во безбедносните сили на Таџикистан, денеска наведуваат дека осомничените се уапсени и поради нивните врски со огранокот на терористичката организација Исламска држава во Хорасан (ИСИС-К).

Според нивните информации, сите девет лица биле приведени на 25 март во градот Вахдат и се одведени во Душанбе.

Истражниот комитет на Русија вчера соопшти дека е уапсено уште едно лице осомничено дека учествувало во финансирањето на нападот во Москва. /МИА

притисни ентер