Наскоро ќе проработи новиот објект на Ургентниот центар во Куманово

 Новиот објект на Ургентниот центар во Куманово наскоро ќе биде пуштен во употреба и во него ќе бидат сместени итната хируршка амбуланта, ортопедска, анестезиолошка амбуланта, компјутерска томографија и ЕХО дијагностика.

Новиот објект на Ургентниот центар во Куманово, изграден со поддршка од Министерството за здравство и Проектната единица за обнова и реконструкција, наскоро ќе биде пуштен во употреба и во него ќе бидат сместени итната хируршка амбуланта, ортопедска, анестезиолошка амбуланта, компјутерска томографија и ЕХО дијагностика.

Началник на Одделот за хирургија, .д-р Методија Димковски, кој во оваа болница има 39-годишно работно искуство, изјави дека претходно биле сместени во подрумски простории, често поплавувани, без природно светло, а со новиот хируршки центар добиен е повеќе од 90 отсто поголем простор.

-Хируршкото одделение е секогаш најударно и едно од најактивните одделенија каде најчесто доаѓаат итни случаи, изјави д-р Димковски, кој посочува дека сега услугата ќе биде на едно место, ќе се обезбеди подобар пристап за пациентите, и тие нема да се препраќаат до рендген дијагностика. Нагласи и дека пациентите подобро ќе се опсервираат односно ќе им се врши динамична опсервација, нешто што досега го не постоело во болницата.

– Првпат се отвораат и во исто време активно ќе работат пет хируршки сали. Паралелно на условите за третман на пациенти, се унапредуваат и вештините на докторите односно наши колеги од клиниките од разни специјалности континуирано доаѓаат во нашата болница и на тој начин се реализира континуирана едукација. Општата болница Куманово покрива околу 200.000 жители од овој град и околината, истакна д-р Димковски.

Главната сестра на Опшата болница Куманово, Валентина Стојимировиќ, посочи дека со новиот објект ќе се добие и подобар пристап до здравствена услуга.

– По 32-годишно работно искуство во оваа болница, можам да констатирам дека сега значително се подобрени условите во однос на престојот, хигиената, како и храната на болните. Заеднички и посветено со целиот кадар секојдневно се обидуваме да придонесеме за што подобри услови за пациентите. Секако, новиот објект придонесува за поквалитетна нега на пациентите од нашиот град, вели Стојимировиќ.

Паралелно со оваа крупна инвестиција, со сопствени средства на болницата во тек се активности за унапредување на квалитетот на здравствените услуги во повеќе оддели, меѓу кои: реновиран простор во клиничка и биохемиска лабораторија, отворен е нов шалтер, на инфективниот оддел во тек е поставување изолација и варосување на собите и болничките ходници, комплетно е обновена салата за состаноци и архивата, реновирани се дел од собите на акушерското одделение, како и просториите за службата за обезбедување, а обновени се и камерите за видеонадзор во болницата. Во Општата болница Куманово е отворен и функционира нов центар за згрижување жртви од сексуално насилство. Во претстојниот период се предвидени и нови инвестиции.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

Уапсен е полицаец кој споделувал информации од истрагата за исчезнатата Данка (2)

Полицаец од полициската управа во Бор е уапсен поради давање информации за исчезнатата Данка Илиќ (2), соопштија за „Телеграф.рс“.

Не се знае кому дал информации од истрагата.

Тој не го поминал полиграфот.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

Данка Илиќ исчезнала на 26 март годинава, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето во 13 часот и 45 минути.

Данка се уште не е пронајдена, а МУП бара да не се шират лажни информации.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, се уште е во полиција во Бор, објави Телеграф.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Продолжуваат партиските консултации со бизнис заедницата во земјава за нивните предизборни програми, по ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, и лидерот на Социјал демократите, Димитар Ковечвски оствари средбaсо првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески.

Нови мерки и политики, повисока минимална и просечна плата, економски раст, повеќе инвестиции, отворање нови работни места, унапредување на севкупните економски односи во државата – се само дел од мерките зацртани во програмата на СДСМ кои денеска беа презентирани и пред бизнисот.

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Дополнително Азески се осврна и на законот за забрана на нефертрговски практики и листата на производи кои треба од есен да поевтинат. Според претседателот на Комората листа не треба да има, но вели нема да ја кочат примената на новото законско решение.

Изминативе денови претставници на политичките партии остварија повеќе работни средби со коморите во земјава, а очекувањата на бизнисот се дека тие ќе продолжат и во иднина, со цел да се чуе и нивниот став.

притисни ентер