Колку пасоши на Македонци ќе се најдат под лупа на Софија?

Колку Македонци може да останат без бугарски пасош, по најавената ревизија на издадените патни исправи од соседна Бугарија на странски државјани.

Над 40.000 издадени бугарски пасоши ќе се најдат под лупа на бугарското министерство за надворешни и Државанта агенција за национална безбедност, по наредба на премиерот Бојко Борисов.

Ќе се чешлаат сите патни исправи издадени на странски државјани во последните пет години. Тие треба да бидат проверени во најкраток можен рок, а резултатите од ревизијата, по барање на премиерот Борисов, ќе треба да му бидат предадени лично нему.

Македонците кои поседуваат бугарски пасоши, според првиот човек на Бугарскиот културен клуб во земјава, Лазар Младенов, не траба да стравуваат дека ќе им биде одземен, бидејќи над 99 проценти од македонските граѓани документите ги добиле по легален пат. Сепак, доколку патната исправа била стекната со заобиколување на неопходните процедури, ќе следува одземање на документот, смета Младенов.

Македонците се најчестите баратели на бугарско државјанство, покажуваат податоците од бугарските институции. Голем интерес за добивање на бугарски пасош има и во Украина, Молдавија, Србија и Русија, а високо на листата котираат и Турција и Израел. Бугарските медиуми одбјавуваат дека од мај 2017 до истиот месец оваа година, вкупно 17.793 лица побарале бугарско државјанство.

Над 10.000 од овие барања се поднесени од македонски граѓани, тврди бугарската министерка за правда Цачева.

Барањето за ревизија на издадените пасоши доаѓа по големиот скандал во Бугарија, кога пред околу еден месец беше откриено дека бугарски функционери земале мито за издавање на патни исправи на странски државјани. Младенов тврди дека станува збор за високи суми од пет до осум илјади евра по лице. Во рамки на спорведената истрага, на 31 минатиот месец усапсен беше директорот на Државната агенција за Бугарите кои живеат во странство, Петар Харалампиев, како и 19 службеници од оваа институција. Поради аферата, најавени се и измени во Законот за издавање на бугарско државјанство.

Откриена е најголемата црна дупка во Млечниот Пат- поголема е 33 пати од Сонцето

Астрономите ја открија најмасивната ѕвездена црна дупка на Млечниот Пат досега.

Новооткриената црна дупка е 33 пати поголема од Сонцето и е оддалечена 2.000 светлосни години, објави Sky News.

Ѕвездена црна дупка се формира при колапс на ѕвезда, а оние досега пронајдени на Млечниот Пат биле околу 10 пати поголеми од Сонцето.

Научниците од мисијата Гаја на Европската јужна опсерваторија ја забележале црната дупка откако беше забележана ѕвезда како се „ниша“ додека орбитира околу областа, наречена Гаја БХ3.

– Никој не очекуваше дека во близина ќе најде толку голема црна дупка, која до сега не е откриена – изјави Пасквал Пануцо, астроном од Националниот центар за научни истражувања при Опсерваторијата во Париз.

Според него, вакво откритие се случува еднаш во животот на истражувачот.

Гаја БХ3 е втората најблиска црна дупка до Земјата и се наоѓа во соѕвездието Аквила, што на латински значи „орел“.

Турк: Мора да се направи повеќе за да се стави крај на ужасната криза во Газа

Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, повика на нови напори од „сите држави со влијание“ за олеснување на „ужасните“ услови во Газа и на Западниот Брег, пренесе ДПА.

-Решавањето на катастрофалната ситуација на цивилите во Газа мора да остане приоритет, изјави портпаролката на Турк, истовремено додавајќи дека насилството на Западниот Брег предизвикува „голема загриженост“.

Во соопштението од Канцеларијата на ОН се наведува дека „Израел продолжува да го попречува увозот и дистрибуцијата на помош во Појасот Газа, што е кршење на меѓународното право“, пренесе германската агенција.

Турк побара ослободување на израелските заложници кои беа киднапирани во октомври 2023 година, прекин на огнот во Газа и неограничен пристап за сите хуманитарни работници со цел да се олесни маката на цивилното население на палестинската територија.

Канцеларијата на ОН за човекови права добила извештаи дека израелската војска само минатата недела нападнала најмалку осум џамии за време на прославите по повод крајот на Рамазан.

-Местата за богослужба се заштитени според законите на војната, рече портпаролката на Турк.

На окупираниот Западен Брег, Палестинците се под чести напади од толпи израелски доселеници, кои често се поддржани од војската.

По убиството на 14-годишното израелско момче од семејство доселеници, четворица Палестинци, меѓу кои и едно дете, беа убиени во акти на одмазда.

„Израел, како окупаторска сила, мора да ги преземе сите мерки во негова моќ за да го врати и обезбеди, колку што е можно, јавниот ред и безбедност на окупираниот Западен Брег“, се вели во соопштението./МИА

Заседава Парламентарното собрание на Советот на Европа-на дневен ред приемот на Косово(Во живо)

Парламентарното собрание на Советот на Европа во попладневниот дел од седницата ја разгледува препораката за прием на Косово во таа меѓународна организација.

За усвојување на предлогот мора да гласаат две третини од присутните членови на Парламентарното собрание.

Нешто пред 17:30 часот почна расправата за точката на дневниот ред со наслов „Барањето на Косово за членство во Советот на Европа“ на пленарната седница.

Извештајот го презентира известувачот на Парламентарното собрание на Советот на Европа за прием на Косово - Дора Бакојани.

За учество на расправата беа пријавени 65 пратеници, а на текстот на предлогот за прием беа поднесени 15 амандмани.

Пред пленарната седница, Политичкиот комитет на ПССЕ ги отфрли сите амандмани на српската и италијанската делегација, кои се обидоа да го омекнат текстот на предлогот и да ја одложат одлуката за прием на Косово додека Советот за безбедност на Обединетите нации „не го утврди или одобри статус на Косово и Метохија“, објави Телеграф.

Србија, исто така, побара предложениот текст да се промени, така што формирањето на ЗСО е предуслов за продолжување на процесот на разгледување на барањето на Косово за членство, а не „постпристапна обврска“, како што се наведува во препораката.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави деказа барањето на Косово денеска ќе се гласа во ПССЕ, но дека главната битка ќе се води на 16 мај, кога за тоа ќе одлучува Советот на министри. Тој изјави дека поради вмешаност на Франција оваа точка може да биде тргната од дневен ред, односно одлуката да се одложи.

притисни ентер